Корисниците на Инстаграм ширум светот од утрово известуваат за различни проблеми на оваа популарна платформа. Најголем дел од проблемите ги пријавуваат корисниците на мобилната верзија на Instagram, а на сајтот DownDetector, кој го следи статусот на онлајн сервисите и сајтовите, корисниците пријавуваат проблеми со прикачувањето фотографии за делот Story, доцнење или отсуство на пораки.
Еден од корисниците пријавил и дека му бил прикажан само црн екран, бидејќи апликацијата Инстаграм не ја вчитувала содржината. Околу 87% од корисниците кои го пријавиле проблемот на DownDetector, доаѓаат од мобилната апликација на услугата.
Од Инстаграм сè уште нема соопшение поради што настанале овие проблеми.