Аеронаутика
На 29 јуни од 19 часот во хотелот Монтана во Крушево ќе се прослави јубилејот: 50 ГОДИНИ Ултралесна авијација, 50 ГОДИНИ Крила за слободно летање - змејови и параглајдери, и 50 ГОДИНИ Хели клуб.
Објавено на 25.06.2024 - 14:45

Фототехника
Зрно фестивалот, и покрај понижувачката поддршка од министерството за култура, годинава ќе го има своето трето издание. Во моментов, во Темишвар, Романија, е поставена изложбата на дела настанати на минатогодишните работилници за благородни фотографски процеси, кои се одржаа во село Цапари, во прекрасниот простор на семејството Филевски. Годинава, Зрно има уште побогата и поквалитетна програма.
Објавено на 25.06.2024 - 14:30

Физика
Истражувачите развија нова техника за мерење на силите што функционираат нанано размери во течен медиум, за која велат дека може да го револуционизира нашето разбирање за добар дел од биолошките и физичките феномени.
Објавено на 24.06.2024 - 16:45

Астрономија и астронаутика
Роверот на НАСА Истрајност (Perseverance) кој од 2021 година го истражува кратерот Језеро на Марс, достигна област од значителен научен интерес. Додека беше на пат кон областа наречена Светлиот ангел (Bright Angel), тимот на НАСА направи интересни геолошки откритија во еден древен речен канал. Светлиот ангел има карпест релјеф во којшто е можно да се најдат древни карпи што биле изложени на речната ерозија или седимент што го исполнил каналот.
Објавено на 24.06.2024 - 15:30

Астрономија и астронаутика
Денес, во 22 часот и 50 минути (20:50 UTC), официјално започнува летото. Ова значи дека на денот на летниот солистициум, Сонцето ја достигнува највисоката точка на небото над северната хемисфера, што го прави 20 јуни најдолгиот ден во оваа година за секое место северно од Северниот напоредник (23°26′). По летната долгоденица, времето на дневна светлина станува сè пократко, секој ден, сè до денот на зимската краткоденица во декември.
Објавено на 20.06.2024 - 18:30

Медицина
Едно австралиско клиничко испитување покажа дека возрасните лица кои патат од повторлива болка во долниот дел од грбот со редовно пешање се ослободиле од неа на подолг временски период.
Објавено на 20.06.2024 - 18:00

Информатика
Колкупати сте помислиле дека вашето куче му недостасува уште само да прозбори? Можеби конечно дочекавме ова да се оствари :) Па, добро, можебои не баш буквално, но благодарение на вештачката интелигенција можеби ќе можеме да ги толкуваме вокализациите на нашите четириножни пријатели, дали кучето лае радосно или агресивно, а од неговите вокализации ВИ може да ги погоди и возраста, расата и полот.
Објавено на 20.06.2024 - 14:15

Енергетика
Во соработка со одделот за електроенергетика во македонската секција на IEEE, ФЕИТ го организира Денот на енергија и одржливост. Настанот се одржува во рамки на иницијативата Денови на одржлива енергија, а чија цел е промоција на користење чиста енергија и енергетска ефикасност.
Објавено на 19.06.2024 - 18:15

Омнибус
По повод 65 години постоење, Факултетот за електротехника и информациски технологии вчера 18 јуни 2024, во просториите на Македонска Филхармонија, организираше Свечена академија под мотото „65 години наставна и научна извонредност“, по што уследи промоцијата на најновата генерација дипломирани инженери и магистри од овој факултет.
Објавено на 19.06.2024 - 17:30

Астрономија и астронаутика
Кон крајот на 2019 година, претходно незабележителната галаксија SDSS1335+0728 одеднаш почна да свети посилно од кога било досега. За да разберат зошто, астрономите користеле податоци од неколку вселенски и копнени опсерватории, вклучително и VLT телескопот на Европската јужна опсерваторија, за да следат како се менува осветленоста на галаксијата. Во студијата објавена во Astronomy & Astrophysics тие заклучуваат дека се сведоци на промени досега невидени во галаксијата, што веројатно се последица од ненадејното будење на масивната црна дупка во нејзиното јадро.
Објавено на 19.06.2024 - 11:15

Pages