По изминати цели четириесет и пет години, четвртиот, најамбициозен и, според многумина, најдобар албум на иконите на ју-рок звукот Бијело Дугме доаѓа во ново звучно руво, измиксан одново од оригиналните 24-канални ленти што внимателно зачувани лежеле во архивата на Кроација рекордс. Во студиото на Кроација Рекордс, новиот микс го изработил Горан Мартинац, а режењето на новото винилно издание на албумот „Битанга и принцеза“ беше направено во легендарното студио Abbey Road од страна на Шон Меги, тон-мајстор добитник на Греми наградата.