Минатата недела астрономите направија нови слики од досега најголемото затемнување на Бетелгез, суперџиновската црвена sвезда во coѕвездието Орион. Набљудувањето направено од Европската јужна опсерваторија со помош на VLT го потврдија она што беше забележливо и со голо око. Имено, блесокот на ѕвездата е намален за една третина од нејзиниот вообичаен сјај, а како што откриваат фотографиите, се чини дека има промена и во нејзината привидна форма.