Рубрика: Информатика
Google Chat добива напредни можности за пребарување
Автор: Ива Зафировска
Објавено на 23.06.2021 - 15:15

Google Chat, кој е дел од Google Workspace, доби корисно ново ажурирање што овозможува напредни карактеристики за пребарување. Ова му дава можност на корисникот полесно да пребарува низ пораките и другите содржини отколку порано.

Корисникот може да го користи зборот што го памети од разговорот, а системот ќе ја пребара содржината со цел да го најде тој збор во пораките. Исто така, овозможено е и стеснување на опсегот на пребарувањето, во движење, со избор на некој од достапните филтри, доколку се пребарува нешто специфично – датотека, фотографија или интерент врска. Ажурирањето на апликацијата се одвива етапно. Па така функцијата за пребарување засега е достапна за уредите со Андроид, додека веб и iOS верзиите на апликацијата ќе добијат ново ажурирање некаде кон крајот на јули.

Клучни зборови: