Рубрика: Аудио и видеотехника
Samsung The Terrace телевизорите верификувани за гледање на отворено
Објавено на 21.06.2021 - 13:45

Компанијата Samsung Electronics објави дека сите модели на The Terrace премиум телевизорот се први во индустријата кои што се верификувани за врвна видливост и приказ на сликата на отворено. Потврдата пристигна од страна на Underwriters Laboratories (UL), американска независна научна организација за осигурителна проценка, којашто има еден век искуство за иновациите во доменот на сигурносни решенија.

При вообичаени надворешни услови, корисниците се приморани да изнајдат начин да ја блокираат сончевата светлина,  ако сакаат непречено да уживаат во содржините што се прикажуваат на екраните од нивните уреди. Ова претставува сериозен предизвик. За да ја добие споменатата потврда од UL, уредот мора да помине низ неколку рунди темелни тестирања, во чии рамки мора да достигне светлина поголема од 3 000 – 4 000 нити, контраст поголем од 1000:1 и волумен на бојата поголем од 80%. The Terrace телевизорот покажува исклучителни перформанси во секоја од овие три клучни области, па корисниците можат и во надворешно окружување да уживаат во неговиот јасен, живописен и светол приказ.

Уредот доаѓа со врвен Samsung QLED екран, технологија којашто го намалува светлнскиот одсјај од површината на екранот, како и со оптимизација на квалитетот на сликата заснована врз вештачка интелигенција, поради автоматското прилагодување на светлината. Свесна за значењето на отпорноста на уредот на дожд и прашина, кога се работи за телевизори за надворешна употреба, компанијата Samsung се здоби со IP55 сертификат за отпорност на дожд и прашина од Меѓународната електротехничка комисија.

„Потврдата од UL за видливост на приказот на отворено, којашто ја доби телевизорот The Terrace, овозможува корисниците ширум светот уште повеќе да уживаат во искуството на гледање содржини на телевизор. Како лидер во индустријата на телевизори, Samsung продолжува да ги поместува границите на технолошката иновативност, прилагодувајќи ги производите според новите и претстојни животни стилови на корисниците,“ изјави Конг Хун Чој (Yong Hoon Choi), извршен потпретседател на одделението за визуелни дисплеи на компанијата Самсунг Електроникс.

 

---- промотивен напис ---

 

 

Клучни зборови: