Кибер-криминалците никогаш не спијат, а сега кога цел свет се соочува со коронавирусот, тие се обидуваат да ја искористат кризата за своја цел. Забележани се многубројни спам-кампањи кои го користат COVID-19 како мамка за луѓето да се излажат и да го инсталираат малверот, а особено оние кои крадат податоци од корисници. Со оглед на тоа што повеќето од нас сега работат од дома, голема е потребата компјутерот да биде заштитен, особено ако се поврзувате на мрежа на компанијата. Тоа го знаете вие, но и кибер-криминалците, кои се досетливи, па на корисниците им нудат лажни антивирусни програми.