Според резултатите од едно неодамна спроведено истражување, мачките може да се инфицираат со коронавирусот SARS-COV2, па дури и да го пренесат на други мачки. Но, она што го истакнуваат и признаваат авторите на трудот, којшто инаку сè уште чека ревизија на еден од предпринт серверите, е тоа дека нема место за паника, бидејќи ланецот на пренос се чини дека запира тука.