Рубрика: Биологија
Како чилито завладеа со светската кујна
Автор: Невенка Стојановска
Објавено на 20.08.2021 - 12:30

Ширењето на чили пиперките низ целиот свет засекогаш го промени ликот на кулинарските култури. Еден истражувачки тим го следеше ова патување со примена на геномиката и откри дека пикантниот вкус бил главен поттик во трговијата и во побарувачката.

Пиперките од видовите капискум и чили, познати како бабури и чили пиперки, се дел од родот Capsiceae. Пред пиперките да пристигнат во Евроазија, главен извор на лут зачин во оваа кујна биле зрната бибер, добивани од семејството билки Piperaceae.

Меќународниот научен тим од италијанскиот истражувачки институт CREA и германскиот ИПК Лајбниц институт, ги анализираше геномите на повеќе видови бабури и чили-пиперки и открија дека одредени геномски региони, одговорни за пикантноста и лутината, биле нерамномерно распределени низ целиот свет, при што во некои региони ваквите карактеристики изобилувале а во други не. Распределбата не била врзана со трговските патишта, што укажува на тоа дека постоел избор за тоа кои видови пиперки да се тргуваат, односно дека сите видови пиперики не биле тргувани подеднакво насекаде во светот.

Геномската лоза потврдила дека само специфични видови чили-пиперки го пронашле својот пат до Европа и до Африка од Америка преку брод, некаде помеѓу 15. и 18. век. Оттаму, тие многу бргу се рашириле низ Евроазија, преку трговија со соседните региони, и преку трговските рути, како што е Патот на свилата.

Од друга страна, Јужна и Средна Америка, Источна Европа и некои делови од Африка имаат уникатни регионални пиперки кои се чини дека не биле тргувани на други места. Ова е затоа што тие можеби немаат особини кои биле сфаќани како пожелни во другите региони.

Тимот бил во можност да анализира огромен број геноми поради меѓународната соработка помеѓу генетските банки од дури 130 земји. Како што истакнуваат научниците било спроведено “огромно геномско скенирање на преку 10 000 примероци пиперки (Capsicum spp.)”.

Користејќи ги овие податоци тимот ги споредил геномите на чили-пиперките за да ги процени генетските сличности и да го исцрта семејното стебло врз основа на нивната миграција.

Истражувањето е објавено во PNAS.

Клучни зборови: