Рубрика: Фототехника
Фото на неделата: Сонце, Земја и Месечина
Автор: Невенка Стојановска
Објавено на 19.08.2021 - 11:00

Автор на оваа преубава астрофотографија од активната површина на Сонцето е фотографот Мехмет Ергун (Mehmet Ergün). На фотографијата јасно е забележлива сончевата зовриена површина и една помала протубераца, односно ерупција на работ на Сонцето.

За секој да може да добие некоја попрецизна претстава за големината на ѕвездата што живот ни дава, тој дополнително ги поставил Земјата и Месечина една до друга за да ги спореди со големина на Сонцето. Секако, во реалноста растојанијата помеѓу секој од овие објекти се сосема поинакви. Доколку би се наоѓале толку блиску до Сонцето би испариле многу бргу.

Инаку, на фејсбук профилот на Мехмет Ергун може да најдете голем број астрофотографии, негови дела. Следете го овој линк тука и препуштете се на уживањето во убавините на универзумот.

 

Клучни зборови: