Рубрика: На граница на науката
Луѓе на Месечината – подвиг или измама? (9)
Автор: Владимир Филевски
Објавено на 19.08.2021 - 12:15

Во 1969 година човештвото направи голем подвиг – двајца астронаути од Мисијата Аполо 11 се спуштија на Месечината на 20 јули и зачекорија по неа на 21 јули 1969 година! Тој триумф на науката и човечкото херојство малку подоцна иницираше една неочекувана и чудна појава – теорија на заговор дека астронаутите не се спуштиле на Месечината и дека тоа е една голема измама на НАСА!? Во оваа серија статии анализираме (и демантираме) повеќе поединечни теми од оваа теорија на заговор, за да може заинтересираните полесно правилно да се информираат, а и да им овозможиме пофокусирано да дискутираат на нашата фејсбук страница за конкретната тема. Во овој деветти дел од серијата зборуваме за темата: „Сенките на фоторафиите од Месечината“.

9. Сенките на фотографиите од Месечината

Фотографиите што ги направиле астронаутите на Месечината се непресушна тема за „верниците“ во теоријата на заговор дека луѓето не се спуштиле на Месечината. Тие „верници“ до најмали ситници ги „анализираат“ фотографиите, барајќи влакно во јајцето, во залуден обид да најдат доказ дека сето тоа било снимено во студио, наместо на Месечината. Интересна е таа нивна сигурност во „големината“ на сопствениот интелект, со оглед на убеденоста дека се попаметни од неколкуте илјади инженери во НАСА, а особено попаметни од големиот Стенли Кјубрик – кој, нели, заборавил да стави ѕвезди на месечевото небо!?

Слика 1: Сенките на астронаутот, на камењата и на антената од опремата навидум се со различна насока.

Ајде што Кјубрик направил една таква „почетничка грешка“, ама тие „интелектуални гиганти“ му нашле уште една „грешка“ – сенките од астронаутите не се паралелни со другите сенки, што, нели, „докажува“ дека имало два извора на светло, т.е. два рефлектора во студиото кои биле погрешно насочени – слика 1. Додека тие „верници“ триумфално покажуваат со прст на непаралелните сенки, дури и луѓето со потпросечна интелигенција им се чудат на умот, покажувајќи им дека истото тоа се случува на сите фотографии направени дење на Земјата – слика 2, каде единствен извор на светло е едното наше Сонце. Освен тоа, ако има два рефлектора тогаш и секој предмет ќе има по две сенки – што не е случај со фотографиите направени од астронаутите! По сè изгледа дека тие „верници“ интелектуално не се способни да го сфатат тоа, како и концептот на перспективата, а и меморијата им е загрижувачки краткотрајна штом не се сеќаваат на сите оние фотографии (па и гледање во живо) на железничка пруга, чии навидум непаралелни шини се сретнуваат во далечината – слика 3.

Слика 2: Навидум различни насоки на сенките предизвикани од перспективата на гледање.

Слика 3: Навидум непараралелни железнички шини.

Слика 4: Сенките навидум се со различна насока, заради перспективата на гледање.

Има уште еден пример со перспективата, кој е поинаков и помалку интуитивен. Да ја погледнеме сликата 4 снимена на Месечината – сенката на мерната опрема (која е најдалеку) е речиси хоризонтална, за разлика од речиси вертикалната сенка на астронаутот. Таа појава настанува заради многу малиот агол под кој ги гледаме сенките на оддалечените или ниските предмети – истото може да го видиме и на сликата 5, каде се снимени три предмети (овде на Земјата), прво одозгора, а потоа од сè поголема и поголема далечина. Фотографиите се направени во временско растојание од неколку секунди, така што нема промена на сенките заради дижењето на Сонцето – единствената промена е аголот на гледање, односно перспективата.
Има уште една причина за различните насоки и должини на сенките – тоа е конфигурацијата на теренот, што може да се види на сликата 6.

Слика 5: Насоката на сенките привидно е различна кога се набљудуваа одозгора (лево), од средна далечина (средина) и од далеку (десно).

Слика 6: Различни наоски на сенките предивикани од конфигурацијата на теренот.

На крај, мора да го спомнам „проблемот“ со астронаутот (Олдрин) кој се наоѓа во длабока сенка на Лунарниот модул, а сепак е добро осветлен – слика 7. Од каде доаѓа тоа дополнително светло? Од сончевата светлина рефлектирана од снежно-белото вселенско одело на Армстронг, кое се однесува како рефлектор што го употребуваат професионалните фотографи да ги осветлат деловите во сенка – како на сликата 8.

Слика 7: Фотографија од Олдрин, во сенка од Лунарниот модул.

Слика 8. Професионален фотограф употребува растегнато платно или фолија како релфектор за човечка фигура во сенка. 

Како што гледате, нема ништо сомнително со сенките на фотографиите направени од астронаутите кои чекореа (и се возеа) по Месечината.

Повеќе за мисиите Аполо и за теориите на заговор околу нив можете да прочитате во претходните броеви на ЕМИТЕР: 4-6/2019, 7-8/2009 и 9/2004.

Линк за дискусија:
https://www.facebook.com/EmiterSpisanie/posts/pfbid0oaBxUtfHPqbq8abjoeqv...

Клучни зборови:
Слика 1: Сенките на астронаутот, на камењата и на антената од опремата навидум се со различна насока.

Слика 1: Сенките на астронаутот, на камењата и на антената од опремата навидум се со различна насока.

Слика 2: Навидум различни насоки на сенките предизвикани од перспективата на гледање.

Слика 2: Навидум различни насоки на сенките предизвикани од перспективата на гледање.

Слика 3: Навидум непараралелни железнички шини.

Слика 3: Навидум непараралелни железнички шини.

Слика 4: Сенките навидум се со различна насока, заради перспективата на гледање.

Слика 4: Сенките навидум се со различна насока, заради перспективата на гледање.

Слика 5. Насоката на сенките привидно е различна кога се набљудуваа одозгора

Слика 5. Насоката на сенките привидно е различна кога се набљудуваа одозгора

Слика 5. Насоката на сенките привидно е различна кога се набљудуваа од средна далечина

Слика 5. Насоката на сенките привидно е различна кога се набљудуваа од средна далечина

Слика 5. Насоката на сенките привидно е различна кога се набљудуваа од далеку.