Физика
За првпат откако во 2012 година откривањето на Хигс-бозонот стана светска сензација, физичарите беа сведоци на распаѓање на Хигс-бозон во Z-бозон и фотон. Набљудувањата, кои се дел од експериментите ATLAS и CMS во Големиот хадронски судирач (LHC) на CERN лоциран на француско-швајцарската граница, може да обезбедат индиректен доказ за честички надвор од оние предвидени со Стандардниот модел на физика на честички.
Објавено на 30.05.2023 - 12:30

Информатика
Иако мнозинството велат дека не ги читаат коментарите, полесно е тоа да се каже отколку да се направи. Многумина од тенисерите ги споделуваат своите животи на интернет, давајќи им на следбениците поглед во она што се случува на турнирите. Тоа е начин навивачите да се чувствуваат поблиски до играчите, и обратно. Но, кај некои по натпреварот – победи или загуби – пораките добиваат сосема поинаков тон.
Објавено на 30.05.2023 - 10:30

Медицина
Вештачката интелигенција развиена од MIT ѝ даде крилја на потрагата по антибиотик што би бил ефикасен во сузбивање на една од најстрашните болнички супербактерии – Acinetobacter Baumannii. Меѓу 7000 потенцијални нови лекови ВИ на MIT откри антибиотик кој би можел да го направи токму тоа.
Објавено на 29.05.2023 - 13:30

Астрономија и астронаутика
НАСА избра и втор лунарен модул кој , покрај Starship на SpaceX, треба да врши превоз на лунарните астронаути и товар до Месечината во наредните години. Новиот модул е Blue Moon (Сина месечина) на компанијата Блу Ориџин на Џеф Безос.
Објавено на 29.05.2023 - 11:45

Медицина
И така, ден по ден дојдовме до крајот на пандемијата на ковид 19 во светот. СЗО уште на 5.5.2023 официјално прогласи крај на вонредната состојба поради ковид-19 во светски рамки, а ИЈЗ-Скопје, во својот последен извештај од 7.5.2023 практично и кај нас „го прогласи короната за умрено“, цели 3 години откако тоа го направи тогашниот реис-ул-улема, хаџи-Сулејман ефенди Реџепи.
Објавено на 27.05.2023 - 16:15

Хемија
Размена на поздав помеѓу два руски брода – Кристофер Вилхелм Екерсберг, 1827 г.
Широко достапните нуспроизводи од пиво помогнале во обезбедување подлога за делата на данските уметници, овозможувајќи подобро врзување на пигментите од боите за површината на уметничките платна.
Објавено на 26.05.2023 - 13:15

Информатика
Добри вести за систем инженерите ширум светот – сите тие наскоро ќе можат да го прецртаат WinRAR од списокот на задолжителни програми што треба да се инсталираат по поставувањето на Windows. Покрај мноштвото други нови функции кои се многу фокусирани на вештачката интелигенција, Мајкрософт објави дека следното ажурирање на Windows 11 ќе добие нативна поддршка за RAR, 7-Zip, GZ и другите вообичаени формати на датотеки за компресија.
Објавено на 26.05.2023 - 12:00

Астрономија и астронаутика
Местото каде се урна Мисијата 1 HAKUTO-R, видена од камерата на орбитерот LRO на 26 април 2023 година, ден по обидот за слетување. LROC NAC слика M1437131607R.
Лунарниот извидувачки орбитер на НАСА (LRO) пронајде остатоци на тлото на Месечината на местото каде во април требаше да се спушти приватно финансираниот лунарен лендер од мисијата HAKUTO-R. Се верува дека лендерот падна на површината на Месечината на 26 април, откако при неговото спуштање се случи аномалија.
Објавено на 25.05.2023 - 13:15

Биологија
Една нова студија открива дали сунѓерите или реброносците (морски суштества налик на медуза) биле првата гранка што се издвоила од дрвото на животот. Како изгледале првите животни на Земјата? Прашањето е исклучително сложено. Ова се должи на тоа што зборуваме за форми на живот составени исклучиво од меки ткива, кои затоа оставиле многу малку траги во фосилните записи. Посигурен начин да се вратиме на потеклото на животот е да се погледне во ДНК, а поконкретно во хромозомите. Со споредување на секвенците на гени кај различни организми, можно е да се реконструираат „роднинските врски“ помеѓу формите на живот дури и да се тие многу оддалечени едни од други, и на овој начин да се погледне во минатото.
Објавено на 24.05.2023 - 17:30

Сеизмологија
Под мотото „ИЗИИС за Скопје”, тимот на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија започна со посебно дизајнирани едукативни посети на деца од претшколска и школска возраст, со што дава акцент на вредноста на рана едукација каде најмладите жители на Скопје имаат можност да го истражуваат фасцинантниот свет на земјотресите преку забавни и динамични презентации и активности.
Објавено на 23.05.2023 - 15:30

Pages