Фототехника
Зрно-фестивалот на алтернативна фотографија, кој своето прво издание го имаше минатата година, за една година прави голем исчекор во квалитетот и квантитетот на содржините кои ги нуди. Како единствен фестивал во регионов и меѓу ретките во светот кој ги негува благородните фотографски техники и има висок естетски стандард, Зрно на отворениот повик за дела привлече алтернативни фотографии од околу триесет земји од светот, од сите континенти.
Објавено на 14.06.2023 - 12:15

Информатика
По повеќегодишни најави, Apple конечно и навистина го претстави својот визир на виртуелна реалност. Настанот се случи за време на последната WorldWide Developers Conference (WWDC) одржана оваа година – во рамки на која беше прокаќан AR/VR визирот (визир за подобрена реалност и виртуелна реалност) наречен Vision Pro. Значи не Reality Pro, како што навестуваа гласините. Друга грешка што се провлече во најавите од “инсајдери” беше името на оперативниот систем, кој се нарекува VisionOS, а не xrOS. Но, настрана од овие детали, многу технички гласини што протекоа на мрежата се потврдени со презентацијата на овој „скапоцен камен“, ако можеме така да го наречеме, со оглед на цената... :)
Објавено на 14.06.2023 - 12:00

Информатика
Тимот Neuro FEEIT, составен од студенти на Факултетот за електротехника и информациски технологии при УКИМ, освои прво место на светското студентско финале за процесирање сигнали IEEE SP Cup 2023.
Објавено на 13.06.2023 - 13:15

Електроника
Клучна цел на инженерите во полето на електрониката е развојот на сè покомпактни и поефикасни транзистори и други електронски компоненти, користејќи лесно достапни процеси и материјали. Меѓу транзисторите за кои се покажа дека се особено ветувачки се транзисторите со ефект на фероелектрично поле (FE-FET), кои личат на конвенционалните FET, но исто така вклучуваат и фероелектрични материјали.
Објавено на 13.06.2023 - 11:15

Геологија
Најголемиот кинески производител на нафта започна со дупчење во земјината кора во басенот на реката Тарим во западна Кина, а “бушотината” се очекува да достигне длабочина од 10 километри. Која е целта на овој подвиг? Па причините се делумно економски, а делумно научни...
Објавено на 12.06.2023 - 13:45

Информатика
Компјутер и човечки мозок комуницираат преку употреба на чип... Научна фантастика? Не повеќе. Neuralink, старт-ап компанијата во сопственост на Илон Маск, би можела да дојде на чекор од поврзување на главите на група волонтери со неговите компјутери, со цел да ги натера да комуницираат во реално време со вештачката интелигенција. А неодамна, за да го стори ова, компанијата доби “амин” и од американската Агенција за храна и лекови (FDA).
Објавено на 12.06.2023 - 13:15

Медицина
Одамна не сме ја разгледале состојбата со одвишната смртност над очекуваната сезонска смртност. Големите бројки на починати од ковид се дефинитивно зад нас, па веќе можеме да подвлечеме црта и да го измериме конечниот црн биланс на епидемијата на ковид-19 во Македонија. На крајот ќе видиме и за колку години во просек им бил скратен животот на починатите од ковид.
Објавено на 10.06.2023 - 15:15

Медицина
Поради една ретка состојба, поврзана со Алцхајмеровата болест, еден човек се чувствува заробен во бескрајна временска јамка – ги преживува истите настани и ги гледа истите луѓе одново и одново. Нешто слично како во “Денот на мрмотот”, филмот од 1993 година.
Објавено на 09.06.2023 - 16:30

Медицина
Абстрактен приказ на РНК
Необична генетска карактеристика можеби е причина за критични генетски мутации кои би можеле на крај да доведат до појава на рак, но и на други болести. И не е нешто поврзана со надворешниот свет, а веројатно ниту е наследена од родителите. Всушност, се работи за проблем што едноставно се појавива во клетките на целиот жив свет – како кај луѓето така и кај нашите животински, растителни и габични роднини, па дури и меѓу едноклеточните организми.
Објавено на 09.06.2023 - 13:45

Астрономија и астронаутика
Вселенскиот телескоп Џејмс Веб на НАСА детектираше столб од водена пареа исфрлен од сатурновата месечина Енцелад, кој се протегал во должина од преку 9600 километри, должина приближно еднаква на три четвртини од дијаметарот на Земјата.
Објавено на 09.06.2023 - 12:15

Pages