Рубрика: Информатика
Цукерберг тврди дека смартфонот ќе биде заменет со нов производ
Објавено на 16.12.2024 - 12:15

– „Ќе биде како што се случи со компјутерите“ –

Не поминаа ни дваесет години откако паметните телефони станаа секојдневие, но и зависност, a Марк Цукерберг предвидува дека луѓето наскоро ќе ги заменат со нова „играчка“ која ќе ја преземе нивната улога.

Тоа ќе се случи веќе во текот на триесеттите години на овој век. Ќе дојде време кога вашиот паметен телефон ќе остане во вашиот џеб поголемиот дел од времето. Мислам дека тоа ќе се случи во текот на триесеттите години на овој век“, изјави тој пред нешто повеќе од еден месец во интервју за порталот Верџ (The Verge). Според него, новото технолошко чудо за масите ќе бидат таканаречените паметни очила.

Мета (која не е единствена) развива паметни очила што ќе можат да фотографираат, снимаат, пуштаат музика и видеа, примаат и отвораат електронски пораки и мејлови, да го преведуваат во реално време она што го гледаме, да прикажуваат правци и насоки до бараните локации во видното поле на корисникот, да прикажуваат зголемена и виртуелна реалност, даваат информации за објектите што ги набљудуваме, мерат пулс, крвен притисок... и, секако, ќе бидат поврзани со вештачката интелигенција, што дополнително ќе ја прошири можностите за нивна примена. Доколку мислите дека сето за сиве овие функции да се соберат ќе биде потребна некоја гломазна вселенска кацига или огромни очила од типот на оние што денес се користат за нурнување во виртуелна реалност – грешите. Според најавите на Цукерберг, сиве овие функции ќе бидат достапни и спакувани во рамките на навидум сосема обични очила, слични на очилата за сонце.

Но, за нивната употреба да стекне масовност, засега пречки се високата цена и напојувањето. А зошто луѓето би се префрлиле на нов производ толку брзо?

Веќе од 1 до 2 милијарди луѓе носат очила секој ден. Како што сите преминаа од компјутери на паметни телефони, мислам дека секој што носи очила бргу ќе премине кон користење на паметни очила во следната деценија“, вели Цукерберг во интервјуто. „Мислам дека очилата ќе станат навистина корисни и на крајот и многу луѓе кои не носат очила сега ќе ги носат“, додава тој.

Мета ги нарече новите паметни очила Орион. Прототипите веќе почнаа да се тестираат, а во септември очилата ѝ беа претставени на јавноста. Сепак, компанијата сѐ уште не објави датум кога тое ќе станат комерцијално достапни.

Според медиумите најголеми пречки засега се високите трошоци за производство, а со тоа и недостапната цена за потрошувачите, како и проблемите околу напојувањето на уредот со електрична енергија. Некои можеби се сеќаваат како Google најави паметни очила пред неколку години, но на крајот овој проект се изгуби некаде низ “кулоарите на чудни решенија без крајна употребна вредност”.

За паметните очила Орион може да дознаете нешто повеќе во "Како ќе изгледа иднината?", каде известивме за претставувањето на овој производ на Мета

Клучни зборови: