Четириножните роботи, налик на механички кучиња, веќе и не се некоја новост. Тие веќе најдоа примена во различни сектори, извршувајќи секакви задачи – далечинско следење и обезбедување на спортски стадиони, водење на слепи лица, па и инспекција на потенцијално опасни места. Иако овие роботи се во основа поагилни од нивните двоножни “колеги”, нивните движење сѐ уште се далеку од реплицирање на грациозноста на едно вистинско куче. Но, се чини дека наскоро ова ќе се промени...