Тестот на вселенското летало Ѕвезден брод (Starship) на Спејс Екс (SpaceX) беше успешен – фазата на контролирано повторно влегување во атмосферата за бустерот помина совршено, а и остатокот од мисијата беше подеднакво задоволителен. Овој четврти пробен лет на системот, спроведен вчера, претставува огромен скок за компанијата на Маск
За потсетување, целиот систем за вселенски патувања на компанијата Спејс Екс се состои од два дела: вселенското летало Старшип, кое ќе превезува луѓе и стоки, и ракетниот бустер Супер Хеви (Super Heavy) – огромна ракета што го носи бродот во вселената. Обата сегмента се имаа добри резултати.
Овој четврти пробен лет за ракетниот бустер помина одлично. По извршување на неговата функција, ракетата се одвои и контролирано се врати на Земјата, рестартирајќи ги моторите за „нежно да слета“ во Мексиканскиот залив. При претходниот тест овој маневар не беше успешен, па оттаму ова претставува огромен успех за SpaceX.
Сликите од слетувањето беа спектакуларни: ракетата забави за мошне кратко време, лебдејќи одреден период над водата, за веднаш потоа да биде уништена (веројатно како што очекуваа во програмата). Ова значи дека SpaceX сега е поблиску до целта – создавање ракета за постојана повеќекратна употреба, што е основен услов за вселенските летови да станат поодржливи, а со тоа и почести.
Исто така, откако Starship навлезе длабоко над височината од 100 km од земјината површина, тој продолжи да се движи по зацртаната траекторија кон Индискиот Океан со мошне стабилен лет, како што тоа изгледаше според сликите. Сликите добиени директно од шатлот беа спектакуларни, во одредена точка осветлени од „ореолите“ од плазма што се формираа околу површините на леталото. Откако помина над Мадагаскар, Ѕвездениот брод почна да се спушта и да се загрева како последица на триењето од атмосферата. На еден час и шест минути по лансирањето бродот да ги рестартира моторите и изврши мекото водено слетување, според очекуваното.
Во следните неколку часа се очекуваат и официјалните извештаи од SpaceX, па ќе се знае и нешто повеќе за текот на мисијата.