Рубрика: Физика
Модифициран нерѓосувачки челик што ги убива бактериите?!
Објавено на 04.06.2024 - 18:15

Група научници од Технолошкиот институт Џорџија создале антибактериски нерѓосувачки челик којшто не треба да се третира со хемиски агенси или антибиотици. Материјалот е прекриен со долги наноскопски игли со кои металот буквално ја „пробива“ клеточната мембрана на бактериите, убивајќи ги. Детали од студијата се објавени во списанието за нанотехнологија Small.

За да го направат челикот отпорен на бактерии, истражувачите прво го модифицирале покривајќи го со наноструктури слични на долги игли, кои ја пробиваат клеточната мембрана на бактериите. Потоа, ја послале површината на овој модифициран челик со бакарни јони со цел да ги подобрат неговите антибактериски својства.

Убивањето на грам-позитивните бактерии (кои имаат попропустлива клеточна мембрана) е полесно отколку убивањето на грам-негативните бактерии, кои имаат густа, повеќеслојна клеточна мембрана.

Ако овој вид бактерија остане на површината, таа се размножува мошне бргу“, објаснува Ануџа Трипати (Anuja Tripathi), координатор на студијата.

Модифицираниот челик се покажал ефикасен во двата случаи, намалувајќи го присуството на E. Coli (која е грам-негативна бактерија) за 97% и на стафилокока (која е грам-позитивна) за 99%.

Сликата, направена со помош на скенирачки микроскоп со тунелирање, го прикажува примерокот од челик прекриен со наноскопски игли. © Ануџа Трипати | Технолошки институт Џорџија

Минималната употреба на бакарот го прави метаматеријалот достапен по ниска цена и во голем обем. Па така, антибактерискиот челик може да биде особено користен во медицинско-хируршката сфера – за ножици, форцепс или операциони маси, а и во доменот на болничарската практика, каде би се користел за подобрување на стерилните услови со изработка на речиси сѐ од овој материјал – од рачки на вратите до оградите на скали. Но, метаматеријалот би можел да се најде примена и во прехранбената индустрија (за прибор и за контејнери), во ресторанските кујни, а зошто да не и во нашите домови.

Следен чекор е тестирање на ефикасноста на метаматеријалот со други бактерии.

Сепак“, како што истакнува Трипати, „со оглед на тоа што успеа да елиминира толку отпорна бактерија како Е. Коли, голема е веројатноста дека челикот ќе се покаже ефикасен и против други слични бактерии“.

Клучни зборови:
Сликата, направена со помош на скенирачки микроскоп со тунелирање, го прикажува примерокот од челик прекриен со наноскопски игли.

Сликата, направена со помош на скенирачки микроскоп со тунелирање, го прикажува примерокот од челик прекриен со наноскопски игли. © Ануџа Трипати | Технолошки институт Џорџија