Астрономија и астронаутика
Првата Арапска вселенска мисија, сондата Надеж на ОАЕ денес пристигна до орбитата на Марс. Со ова Емиратите стануваат петта нација којашто испратила свое летало до Црвената Планета. Но, дали мисијата ќе биде и успешна останува да почекаме, додека леталото поминува низ низа клучни маневри за негово поставување во трајна орбита на планетата.
Објавено на 09.02.2021 - 15:30

Омнибус
Во овој времеплов ги славиме родендените на рускиот хемичар Димитриј Менделеев, на еден од зачетниците на современата научна фантастика во литературата Жил Верн и на програмерот Дејвид Вилер. А на денешен ден беше одобрен и патентот за ‘калкулаторот’ Harvard Mark I
Објавено на 08.02.2021 - 15:00

Телекомуникации
Реномираниот германски производител за предавателни уреди Роде-Шварц (Rohde&Schwarz – R&S) неодамна објави дека е избран да обезбеди инфраструктура од 100 ФМ предаватели со течно ладење за маркантната радиотелевизиска кула Чамлика (Çamlıca) во Истанбул.
Објавено на 08.02.2021 - 11:30

Омнибус
Во денешниот времеплов ги славиме родендените на рускиот космонаут и инженер Константин Петрович Феоктисов и австрискиот лекар и психолог Алфред Адлер. Покрај ова го одбележуваме денот кога пред светот беше претставен првиот холандски автомобил и денот кога астронаутите излегоа на првата слободан вселенска прошетка во земјината орбита.
Објавено на 07.02.2021 - 23:15

Медицина
Последниве пет дена во секој изминат ден дневните бројки на нови случаи беа поголеми од соодветниот ден од претходната недела – јасен знак дека имаме мало, но сепак мерливо забрзување. Тоа се гледа според ефективниот репродукционен број, дури пресметан со три различни методологии и со разни периоди на усреднување. Се гледа и по подвижните средини (не се прикажани), дури и најбавно променливата, 14-дневната која веќе започна полека да искачува.
Објавено на 07.02.2021 - 22:30

Астрономија и астронаутика
Осветлениот раб на Земјата се издига над Месечевата површина
Како што веќе пишавме во времепловот за 6.2.2021, вчера се навршија точно 50 години откако екипажот на Аполо 14 го напушти тлото на Месечината. А на денешен ден пред 50 години, леталото со астронаутите ја напушти и месечевата орбита. Во тие моменти, од внатрешноста на командниот модул Китихок, астронаутите имаа можност да ја посведочат и оваа спектакуларна глетка забележана на фотографијата подолу.
Објавено на 07.02.2021 - 12:15

Омнибус
Денес го одбележуваме денот кога Џек Килби поднесе барање за првиот патент за интегрирано коло, изумот што ќе донесе револуција во техниката. Пред точно 110 годин Ролс-Ројс ја претстави маскотата “Духот на екстазата“, додека пред точно педесет години астронаутите од мисијата Аполо 14 го напуштија тлото на Месечината и се упатија назад кон Земјата...
Објавено на 06.02.2021 - 21:45

Аеронаутика
RAVN-X e беспилотно летало со можност за лансирање ракети, создадено за испраќање на мали сателити во орбитата без потреба од лансирна рампа. Првиот модел подговен за лет, дело на стартап компанијата Aevum, беше претставен на почетокот од месец декември. Неговата прва мисија, лансирање за потребите на американските вселенски сили, веќе беше закажана веднаш по завршувањето на сите тестови, за почетокот од оваа година.
Објавено на 06.02.2021 - 19:00

Омнибус
Во овој времеплов ги славиме родендените на автомобилскиот гениј и инженер, Андре Ситроен, и на американскиот пионер од областа на видео-гејмингот Нолан Бушнел. Покрај ова го одбележуваме постигнувањето на Маринер 10 и денот кога за првпат во етерот беше емитуван “пипс”сигналот за ознака на точно...
Објавено на 05.02.2021 - 18:00

Омнибус
Со цел да се даде одговор на прашањата кои работни места се со висок, а кои со среден или низок ризик, а во рамки на националната методологија која се базира на утврдување на ковид-возраст, во јавна употреба е пуштен ковид-калкулаторот
Објавено на 05.02.2021 - 17:00

Pages