Kако што најавивме во статијата “Светски ден на радиото“ Емитер излегува со иницијатива да направиме наша, македонска виртуелна изложба на фотографии од стари радиоприемници на наши читатели, за одбележување на Светскиот ден на радиото.
Затоа, доколку имате интересен примерок на постар радиоприемник, испратете неколку фотографии од него на нашата адреса redakcija@emiter.com.mk, а ние ќе ги објавиме овде, на порталот на ЕМИТЕР, како и на фејсбук фан-страницата на списанието ЕМИТЕР. Заедно со фотoграфиите дајте ни и податоци за моделот, годината на производство, брановите подрачја и некои занимливости во врска со вашиот радиоприемник.
Се надеваме дека на овој начин ќе добиеме убав пресек на развојот на радио културата во Македонија.
Податоците за радиоприемниците и сопствениците се дадени кај секоја фотографија.
Производство: Искра, Крањ; Модел: Порторож; Година: 196* и некоја; за Средни и кратки бранови и грамофон; Има 5 цевки, нема мрежно трафо, директно 230V се исправуваат за аноден напон. Фотографии од Владимир Симеонов од фирмата President Audio.

Радио-Грамофон Triglav de luxe
Земја на потекло: Југославија - Словенија
Производител: Искра Крањ
Година на производство на серијата: 1965
Број на лампи: 7
Лампи: ECC85, ECH81, EF89, EABC80, EM84, EL84, EZ80
Фотографија од Сашко Бакаловски
Космај 49
Фабриката е основана во Белград на 21 септември 1946 година како државно претпријатие, а првиот модел бил пуштен во продажба во 1947 година. Тоа бил и првиот национален радиоприемник чија цена била попристапна од увозните модели...
Фотографија: Жика Костески
Космај 49
... За изработка на радиото се користени делови увезени од Холандија од Philips, но и од италијанскиот производител на електроника Ducati, кој во тоа време произведувал радија. Моделот Космај 49 е базиран на моделот Philips BX373A. За разлика од моделот Philips, домашниот радио приемник е направен од дрво и се разликува во дизајнот....
Фотографија: Жика Костески
Космај 49
... Користени се електронски цевки ECH21 (две парчиња), EBL21 (излезна пентода) и AZ1/AZ21 (исправувач). Доби долги, кратки и средни бранови. На левата страна е рачката за боја на тонот, а на десната копчето за избор на бранова должина. Има приклучоци за грамофон и надворешен звучник. Потрошувачката е околу 50W, а одзади има ротационен селектор на мрежниот напон (110-240V).
Фотографија: Жика Костески
Модел: TESLA 56C – семејно радио во домот на Маневски; Година на производство : ~ 1956 година (според
кореспонденцијата на останатите блиски модели); Материјал на куќиште: Дрво, специјална изработка од фабрика во Медводе – Словенија; ...
Фотографија: Живко Маневски
Модел: TESLA 56C – семејно радио во домот на Маневски;
... Производител: Електронска индустрија Никола Тесла - Белград, СФРЈ;
Набавено: Помеѓу 1960 и 1963 година. 'Радиото е купено од мојот татко со негови тогашни 8 (осум) просечни железничарски плати'...
Фотографија: Живко Маневски
Модел: TESLA 56C – семејно радио во домот на Маневски;
... Брановите должини на опсезите во метри се одбележани и се отчитуваат на предното стакло на скалата, Бранови подрачја: K - кратки, S - средни и D - долги и избор на влез за грамофон со кристална глава.
Радио лампи: AZ1, EM4, ECH42, EAF42 x 2 i EL41 (вкупно 6);
Фотографија: Живко Маневски
Радио приемник RIZ BU 3/57. Производство: Радио индустрија Загреб, 1957 година. Работи само на средни бранови. Електронски ламби: UAF 42, UY 42, UI 41. Димензии 17x26,5x12 cm. Пластична кутија со приклучок за надворешна антена. 2 копчиња: за барање станици и за регулирање на гласност.
Фотографија: Димац Митковски

Радиоприемник Nordmende Carmen 3D, сопственост на Трајче Здравковски Производство: 1957-58 година, Бремен, Германија; Опсег на прием: кратки, долги и UKV (FM) бранови; 3 вградени звучници; Фотографија: Живко Маневски
Модел: ТЕСЛА 53
Земја на потекло: СФРЈ
Произведувач: Никола Тесла – Белград
Година: 1953
Тип: Супер-хетеродински радиоприемник
Бранови подрачја: кратки (16-50m), средни (200-550m), долги (800-2000m)
Материјал: дрвено куќиште
Радио ламби: ECH42, EAF42, EL42, AZ1, EM4
Фотографија од Тони Панов
Модел: ТЕСЛА 53; Земја на потекло: СФРЈ; Произведувач: Никола Тесла – Белград; Година: 1953; Тип: Супер-хетеродински радиоприемник; Бранови подрачја: кратки (16-50m), средни (200-550m), долги (800-2000m); Материјал: дрвено куќиште; Радио ламби: ECH42, EAF42, EL42, AZ1, EM4; Работен напон: 110 - 240V, 50Hz, 50W; Димензии: 540 x 388 x 225 mm; Маса: 12,4kg Фотографија: Тони Панов
Александар Андоновски го донел ова радио од старата куќа на дедо му во Прилеп со намера наскоро да го реставрира. Се надеваме дека ќе биде успешен во неговата намера и дека ќе го сподели неговиот успех со нас и нашите читатели.

Радиото е произведено пред втората светка војна. Во него сè уште стојат печати за блокирање на радиостаници. Изработено е со ламбите ECH3, EF5, EBL9 и AZ1. Радиото сè уште работи, но на балканот нема среднобранови радиостаници кои може да ги слушнеме (има само романски, унгарски и руски радиостаници). На радиото има влез за грамофон. Фотографија од Митко Толев.
Радио-касетофон EI SK 323
Земја на потекло: Југославија
Производител: Elektronska industrija-radio akustika
Година на производство (непозната)
Редок модел на Ei, истиот модел потоа го произведува полската компанија UNITRA.
Фабрички идентификациски број: 19907
Димензии: 44x24x12cm
Фотографија од Иван Јанев