Геологија
Покачувањето на нивото на светските мориња не е единствената опасност за големите крајбрежни градови – самото тлото на коешто тие лежат тоне под нивната тежина...
Објавено на 10.03.2021 - 16:15

Информатика
Колку и да звучи неверојатно, сепак е вистина – во Perseverance, роверот кој во моментов крстари по површината на Марс е вграден истиот процесор кој ги придвижуваше популарните “Bondi Blue” iMac системите од 1998 година. Зошто НАСА не се одлучила за модерниот Интелов топ модел Core i9-10900k? Објаснението е сосема логично…
Објавено на 10.03.2021 - 13:30

Омнибус
Во денешниот времеплов го одбележуваме денот кога пред точно 15 години oрбитерот MRO – Mars Reconnaissance Orbiter, влезе во орбитата на Марс и ја започна со својата плодна мисија, но и моментот кога пред точно 25 години се појави третата генерација на Netscape интернет-прелистувачот, првата директна и сериозна конкуренција на Мајкрософт на ова поле. Покрај ова го одбележуваме откритието на прстените на Уран и роденденот на изумителот на интервалните бришачи Роберт Кернс...
Објавено на 10.03.2021 - 12:15

Астрономија и астронаутика
Минатата година една научна екипа објави дека открила присуство на фосфин во горните слоеви на атмосферата на Венера. Наодот го добиле со анализа на оптичките спектрални линии од атмосферата. Сега новите анализи на податоците, направени од два други научни тима, независно еден од друг, го оспоруваат овој наод...
Објавено на 09.03.2021 - 12:15

Медицина
Денес еден друг индикатор, седумдневната стапка на леталитет (сината линија на дијаграмот на втората слика) достигна речиси рекордно ниско ниво од само 1,91%. Во просек толку проценти починале во изминатите 7 дена од дијагностицираните пред 10 до 16 дена. Пониска стапка на леталитет имало само еднаш, во неделата која завршила на 13 август. Додуша, со дневниот број на тестирања сме близу до лимитите, па со намалената стапка на позитивни тестови ниту можеме да откриеме повеќе нови случаи...
Објавено на 08.03.2021 - 12:15

Астрономија и астронаутика
Вечерва покрај Земјата ќе “профучи” астероидот Апофис. Простор за паника нема, со оглед на тоа што моменталните пресметки кажуваат дека Земјата со својата гравитација сепак нема да го привлече до толку за тој да се урне врз неа. Но, сепак премногу е рано да се каже со 100% сигурност. Дијаметарот на Апофис е околу 370 метри.
Објавено на 05.03.2021 - 21:30

Омнибус
Букет свежо цвеќе за великанот Милтон Манаки
Секако, повод за овој текст е одбележувањето на денот на неговата смрт пред 57 години. Денес, на Влашките гробишта во Битола, свежо цвеќе положија градоначалничката Наташа Петровска, делегација од Комуната на Власи и од Кино клубот “Студио Милтон Манаки”. Притоа беше истакнат неговиот придонес за градот Битола, за Македонија и Балканот во целост.
Објавено на 05.03.2021 - 18:30

Омнибус
Во денешниот времеплов одбележуваме 40 години од лансирањето на еден од првите домашни компјутери, легендарниот ZX81 Синклер, а пред точно 405 години револуционерното дело на Коперник “За движењето на небесните сфери” се најде на листата книги забранети од црквата. Покрај ова се сеќаваме на ликот и делото на кинематограферот Милтон Манаки.
Објавено на 05.03.2021 - 16:45

Макетарство и моделарство
Деновиве беа објавени резултатите од меѓународниот конкурс за дизајн на РЦ модел едрилица на компанијата ArmSoar која се занимава со дизајнирање и производство на композитни односно карбонски модели едрилици во категоријата Ф3К, Ф5К и Ф3Ј. Со голема радост и задоволство ви ја пренесувам веста дека победник на конкурсот е нашиот Александар Аци Стојановски.
Објавено на 05.03.2021 - 13:45

Хемија
Хемискиот елемент бор, металоидот сместен веднаш до јаглеродот во периодниот систем на елементите, поседува многу карактеристики што може да се покажат корисни како состојка во лековите. Па сепак, само пет од лековите одобрени за користење од американската ФДА имаат во својот состав бор. Ова во најголем дел се должи на тоа што молекулите што содржат бор се мошне нестабилни во присуство на молекуларен кислород.
Објавено на 05.03.2021 - 12:15

Pages