Астрономија и астронаутика
Минатата година една научна екипа објави дека открила присуство на фосфин во горните слоеви на атмосферата на Венера. Наодот го добиле со анализа на оптичките спектрални линии од атмосферата. Сега новите анализи на податоците, направени од два други научни тима, независно еден од друг, го оспоруваат овој наод...
Објавено на 09.03.2021 - 12:15

Медицина
Денес еден друг индикатор, седумдневната стапка на леталитет (сината линија на дијаграмот на втората слика) достигна речиси рекордно ниско ниво од само 1,91%. Во просек толку проценти починале во изминатите 7 дена од дијагностицираните пред 10 до 16 дена. Пониска стапка на леталитет имало само еднаш, во неделата која завршила на 13 август. Додуша, со дневниот број на тестирања сме близу до лимитите, па со намалената стапка на позитивни тестови ниту можеме да откриеме повеќе нови случаи...
Објавено на 08.03.2021 - 12:15

Астрономија и астронаутика
Вечерва покрај Земјата ќе “профучи” астероидот Апофис. Простор за паника нема, со оглед на тоа што моменталните пресметки кажуваат дека Земјата со својата гравитација сепак нема да го привлече до толку за тој да се урне врз неа. Но, сепак премногу е рано да се каже со 100% сигурност. Дијаметарот на Апофис е околу 370 метри.
Објавено на 05.03.2021 - 21:30

Омнибус
Букет свежо цвеќе за великанот Милтон Манаки
Секако, повод за овој текст е одбележувањето на денот на неговата смрт пред 57 години. Денес, на Влашките гробишта во Битола, свежо цвеќе положија градоначалничката Наташа Петровска, делегација од Комуната на Власи и од Кино клубот “Студио Милтон Манаки”. Притоа беше истакнат неговиот придонес за градот Битола, за Македонија и Балканот во целост.
Објавено на 05.03.2021 - 18:30

Омнибус
Во денешниот времеплов одбележуваме 40 години од лансирањето на еден од првите домашни компјутери, легендарниот ZX81 Синклер, а пред точно 405 години револуционерното дело на Коперник “За движењето на небесните сфери” се најде на листата книги забранети од црквата. Покрај ова се сеќаваме на ликот и делото на кинематограферот Милтон Манаки.
Објавено на 05.03.2021 - 16:45

Макетарство и моделарство
Деновиве беа објавени резултатите од меѓународниот конкурс за дизајн на РЦ модел едрилица на компанијата ArmSoar која се занимава со дизајнирање и производство на композитни односно карбонски модели едрилици во категоријата Ф3К, Ф5К и Ф3Ј. Со голема радост и задоволство ви ја пренесувам веста дека победник на конкурсот е нашиот Александар Аци Стојановски.
Објавено на 05.03.2021 - 13:45

Хемија
Хемискиот елемент бор, металоидот сместен веднаш до јаглеродот во периодниот систем на елементите, поседува многу карактеристики што може да се покажат корисни како состојка во лековите. Па сепак, само пет од лековите одобрени за користење од американската ФДА имаат во својот состав бор. Ова во најголем дел се должи на тоа што молекулите што содржат бор се мошне нестабилни во присуство на молекуларен кислород.
Објавено на 05.03.2021 - 12:15

Омнибус
Во денешниот времеплов ги славиме родендените на Џорџ Гамов, исклучителен научник и популаризатор на научната мисла. Исто така одбележуваме и 85 години од првиот лет на цепелинот Хинденбург, како и денот кога британците пред 346 години го добиле првиот официјален кралски астроном...
Објавено на 04.03.2021 - 17:30

Биологија
Неодамна една научна истражувачка мисија на Антарктикот во длабочините под прекривката од мраз пронајде животни форми кои, според нив, “не би требало да постојат во оваа средина“.
Објавено на 04.03.2021 - 12:15

Астрономија и астронаутика
Како што вчера јави порталот space.com, на небото над јужниот дел на Англија бил забележан поголем метеор кој се распаднал во атмосферата.
Објавено на 03.03.2021 - 17:15

Pages