Рубрика: Информатика
Проверете го телефонот за овие опасни апликации
Автор: Ива Зафировска
Објавено на 19.04.2023 - 18:15

Некои апликации може да бидат опасни за вашиот мобилен телефон, па затоа треба да бидете мошне внимателни кога преземате нови апликации на вашиот уред. Komando извести дека повеќе од 60 корејски апликации неодамна биле отстранети од Play Store и ONE Store (најголемата продавница за апликации во Кореја ), апликации што биле веќе преземени повеќе од 100 милиони пати. Апликациите можеби го содржат опасниот малициозен софтвер Голдосон, откриен од McAfee кој ги пријави своите наоди на Google. Се препорачува таквите апликации да ги отстраните од вашиот уред.

По преземањето на опасните апликации, измамниците ги користат за да ја видат вашата историја на локација, активноста на Wi-Fi, кои уреди со Bluetooth се поврзани со вашиот телефон и кои други апликации ги користите. Но, тоа не е се. Всушност, можете дури и да заработувате пари за тие измамници бидејќи таквите апликации комуницираат со скриените реклами во позадина. Компаниите што ги објавуваат тие реклами им плаќаат на хакерите за кликовите што доаѓаат од вашиот телефон.

Ваквите злонамерни активности ги трошат и вашите мобилни податоци и ресурси и го забавуваат вашиот уред. Половина од апликациите се веќе отстранети од Play Store, а другите се ажурирани за да се усогласат со правилата на Google. Како и да е, од Komando советуваат дека доколку сте  презеле некоја од апликациите од следниов список, веднаш да ја избришете од вашиот уред:

– L.POINT with L.PAY
– Swipe Brick Breaker
– Money Manager Expense & Budget
– TMAP
– GOM Player
– Megabox
– LIVE Score, Real-Time Score
– Pikicast
– Compass 9: Smart Compass
– GOM Audio – Music, Sync lyrics
– TV – All About Video
– LOTTE WORLD Magicpass
– Bounce Brick Breaker
– Infinite Slice
– SomNote – Beautiful note app
– Korea Subway Info : Metroid
– GOODTV
– UBhind: Mobile Tracker Manager
– Snake Ball Lover
– Money Manager (Remove Ads)
– Inssaticon – Cute Emoticons, K
– T map for KT, LGU+
– GOM Audio Plus – Music, Sync l
– Swipe Brick Breaker 2
– TNT
– InfinitySolitaire
– TDI News
– TingSearch
– Fantastic

Наједноставен начин за да ја отстраните апликацијата од вашиот Android уред е со малку подолго задржување на прстот врз иконата од апликацијата што сакате да ја избришете, по што треба да ја изберете опцијата Деинсталирај. Друг начин за отстранување е да отидете до поставките на вашиот уред и да изберете Апликации и известувања. Во списокот со апликации, пронајдете ја онаа што сакате да ја отстраните и кликнете деинсталирај.

Клучни зборови: