Астрономија и астронаутика
... или како еден научен труд беше побиен во рок од неколку часа. Со новиот ровер Персеверанс, кој го скенира дното на кратерот Језеро, потрагата по знаци за живот во минатото на Марс е во полн ек . Но, еден меѓународен научен тим минатиов викенд излезе со неверојатно тврдење – дека пронашле знаци за постоење на релативно напредна форма на живот на површината на Марс, примероци од нешто што наликува на габи. Речиси со брзина на светлината научните кругови ги оспорија и отпишаа наодите. Па, да видиме за што конкретно се работи...
Објавено на 12.05.2021 - 12:45

Омнибус
Во денешниот времеплов го славиме роденденот на еден од највлијателните американски физичари на 20 век, Ричард Фајнман, и денот кога бил создаден најстариот примерок на печатена хартиена книга. Одбележуваме 20 години од смртта на Даглас Адамс, 24 години од денот кога велемајсторот Каспаров за...
Објавено на 11.05.2021 - 17:30

Медицина
Додека ние, во Македонија, штотуку го започнавме процесот на имунизација на населението во светот овој процес започна одамна. Па така некои земји веќе можат да се пофалат со имунизација на повеќе од половина од популацијата, а на глобално ниво минатата недела речиси незабележително помина уште еден голем момент – количината на администрирани вакцини против ковид-19 ја надмина бројката од една милијарда.
Објавено на 11.05.2021 - 01:30

Информатика
Од април 2021 година, македонскиот ИТ пионер “Еконет“ преминува во сопствеништво на реномираната ИТ компанија “Синами“, која веќе 20 години успешно делува на домашниот, но и на меѓународните пазари. Аквизицијата доаѓа по најавите на “Синами” за нејзин раст и проширување, како по бројот на вработени, така и во развојот на нови напредни софтверски решенија и производи.
Објавено на 10.05.2021 - 17:15

Омнибус
Во денешниот времеплов ги славиме родендените на Сесилија Пејн, астроном и прва жена докторанд од колеџот Редклиф на универзитетот Харвард, и на Огист Жан Френел, којшто ги постави темелите на современата оптика. Покрај ова одбележуваме 46 години од претставувањето на првиот домашен видеорекордер – Бетамакс системот, како и 152 години од завршувањето на трансконтиненталната американска железница...
Објавено на 10.05.2021 - 16:45

Омнибус
Корпорацијата Сони Груп, попозната едноставно како Сони (SONY), е јапонска мултинационална конгломератна корпорација со седиште во Канан, Минато, Токио. Компанијата е еден од најголемите светски производители на електрон и ски уреди за професионална намена и за широка потрошувачка, најголем производител на конзоли за видеоигри, втор по големина издавач на видеоигри, втора најголема компанија за плочи, како и една од најсеопфатните медиумски компании. Со 50% удел во пазарот на сликовни сензори, Сони се уврстува и меѓу лидерите за продажба на полуспроводници, а од 2015 година компанијата е петти по големина производител на телевизори во светот, според годишните бројки за продажба. Таа е најголемиот играч во светот во доменот на премиум ТВ сетови – телевизори со големина на екранот од најмалку 55 инчи (140 сантиметри) и со цена повисока од 2500 американски долари.
Објавено на 07.05.2021 - 18:00

Омнибус
Во денешниот времеплов славиме 75 години од основањето на технолошкиот гигант Sony, компанија заслужна за воведувањето на повеќе револуционерни производи од областа на аудиот и информатиката, го одбележуваме рускиот ден на комуникациите и меѓународниот ден на безбедносните лозинки (да и тоа го има ) ...
Објавено на 07.05.2021 - 15:30

Информатика
Искористувајќи го свичот ECS5512 10GbE кој може да работи во облак, а со цел да овозможи решение за целосна конективност за сериите QSAN’s XCubeNXT и XCubeNAS – најдобрите бекап и мултифункционални центри за деловни активности, EnGenius започна соработка со QSAN Technology Inc.
Објавено на 07.05.2021 - 13:00

Омнибус
Во денешниот времеплов ги славиме родендените на таткото на психоанализата, Сигмунд Фројд, и на основоположникот на белградската математичка школа, Михајло Петровиќ – Алас. Оддаваме почит кон делото на македонскиот академик, биохемичар и генетичар Георги Ефремов, и одбележуваме 84 години од катастрофата на воздушниот брод Хинденбург...
Објавено на 06.05.2021 - 18:00

Астрономија и астронаутика
Компанијата Блу Ориџин (Blue Origin) за вселенски патувања основана од газдата на Амазон, Џеф Безос, се очекува да го лансира својот прв екипаж во вселената на 20 јули, со помош на ракетата Њу Шепард (New Shepard). Заедно со екипажот едно место стои резервирано за победникот од онлајн аукцијата којашто започна вчера.
Објавено на 06.05.2021 - 14:00

Pages