Омнибус
Во денешниот времеплов го славиме лансирањето на првиот американец во вселената, што се случи пред точно 60 години. Покрај ова го одбележуваме регистрирањето на првиот патент запишан под името на една жена, како и лансирањето на култната видео-игра Волфштајн 3Д ...
Објавено на 05.05.2021 - 17:45

Биологија
Двајца истражувачи од Школата за зоологија при Универзитетот во Тел Авив откриле дека лилјаците имаат вродено чувство за брзината на звукот. Во нивниот труд објавен оваа недела во Proceedings of the National Academy of Sciences, Еран Амичај (Eran Amichai) и Јоши Јовел (Yossi Yovel) ги опишаа експериментите што тие ги спровеле со помош на диви и на лабораториски одгледувани лилјаци, и резултатите кои даваат интересни импликации во врска со начинот на којшто лилјаците го перцепираат звукот.
Објавено на 05.05.2021 - 15:00

Омнибус
Во денешниот времеплов го славиме роденденот на британскиот зоолог и поборник на еволуционата теорија – Томас Хенри Хаксли. Го одбележуваме еден од побитните денови во календарот на секој тврдокорен сај-фај фанатик – меѓународниот ден на Војна на ѕвездите, но и почетокот од новата фаза од конструкцијата на Панамскиот Канал...
Објавено на 04.05.2021 - 17:00

Информатика
Познато е дека Apple Watch нуди разни функции поврзани со фитнесот и здравјето. Од шестата с ерија к омпанијата воведе и мониторинг на кислород от во крвта (SpO2), а веќе во идните модели се очекува Епл да воведе уште повеќе вакви функционалности поврзани со здравје то и фитнес от .
Објавено на 04.05.2021 - 13:45

Медицина
Несопирливото намалување, без осцилации и подвраќања, на ефективниот репродукциски број Rt (на првиот дијаграм) се поклопува многу добро со теоретскиот модел за намалување на овој број поради растот на бројот на прележани, односно намалување на бројот на сусептибилни S (чувствителни, непрележани) во вкупната популација N. Тоа е познатата формула Rt=R0*S/N, каде R0 е базичниот репродукциски број.
Објавено на 03.05.2021 - 01:45

Омнибус
Во овој втор дел од празничниот времеплов ги славиме родендените на германскиот хемичар и физичар Хајнрих Густав Магнус, американскиот теоретски физичар и нобеловец Стивен Вајнберг, и американскиот педијатар Бенџамин Спок, кој донесе ново разбирање за начинот на којшто децата треба да се негуваат и воспитуваат. Покрај ова одбележуваме и 57 години од претставувањето на првата програма напишана во Basic...
Објавено на 02.05.2021 - 16:45

Енергетика
Лоша вест – по ланската пандемиска пауза, емисиите на стакленички гасови пораснаа, достигнувајќи досега невидено ниво. Добра вест е тоа што употребата на обновливи извори подеднакво се зголемува.
Објавено на 28.04.2021 - 22:45

Омнибус
Во овој прв дел од празничниот времеплов ги славиме родендените на францускиот математичар, физичар, инженер и философ на науката Анри Поанкаре; на германскиот математичар и физичар Јохан Карл Фридрих Гаус; и на американскиот математичар, електроинженер и криптограф Клод Елвуд Шенон. Обележуваме точно 20 години од лансирањето на првиот вселенски турист Денис Тито, 18 години од лансирањето на iTunes, 82 години од првиот ТВ-пренос од настан, 24 години од првата заруско-американска вселенска прошетка, 13 години од смртта на швајцарскиот хемичар Алберт Хофман...
Објавено на 28.04.2021 - 14:45

Омнибус
Во денешниoт времеплов одбележуваме 40 години од претставувањето на првиот современ компјутерски систем, 230 години од раѓањето на американскиот уметник и пронаоѓач Семјуел Морзе, и точно 500 години од несреќната погибија на португалскиот истражувач и морепловец Фернандо Магелан...
Објавено на 27.04.2021 - 22:45

Електроника
На пазарот веќе подолго време може да се набават мерачи со одлична цена со коишто секој што сака може да ја провери потрошувачката на електрична енергија на разни електрични уреди. Со мерачот претставен во овој напис може да се измери моменталната потрошувачката на електрична енергија на уредот кој е приклучен на него. Исто така, може да се измери вкупната потрошувачка на електрична енергија во текот на некој временски период. Освен тоа мерачот го покажува напонот (моментален и максимален), јачината на струјата (моментална и максимална), факторот на моќност, електричната моќност (моментална и максимална) и потрошената електрична енергија за определен период.
Објавено на 27.04.2021 - 20:45

Pages