Рубрика: Медицина
Фаталните срцеви удари се почести во понеделник
Автор: Невенка Стојановска
Објавено на 19.06.2023 - 12:15

Почетокот на неделата е време кога се бележат најголем број фатални срцеви удари. Се чини дека рутинските промени типични за викендот имаат некаква врска со тоа. Според студијата презентирана за време на Конференцијата на Британското кардиоваскуларно друштво, најсериозните форми на срцев удар се јавуваат почесто во понеделник. Студијата собрала податоци за 10 528 ирски пациенти кои пристигнале во болница помеѓу 2013 и 2018 година со симптоми на STEMI (акутен миокарден инфаркт поврзан со подигање на ST-сегментот), најтешкиот облик на срцев удар кој се јавува при  целосно блокирање на главната коронарна артерија.

Зошто токму во понеделник? Претходните истражувања укажуваат дека вината индиректно лежи во враќањето на работа и фактот дека, по опуштањето за време на викендот, нашето тело мора повторно да се прилагоди на ритамот сон-будење во работните денови.

Причината е веројатно мултифакторна“, објаснува Џек Лафан во соопштението за печат, „сепак, врз основа на она што го знаеме од претходните истражувања, разумно е да се претпостави дека е вклучен и деноноќниот ритам“.

Според едно постаро истражување презентирано во журналот на Американското здружение за срце, празниците, и крајот на одморите и подолгите празнични одмори се . Имено според нивните истраќувања последната недела од декември е всушност периодот во кој е забележан најголем број случаи на срцев удар во споредба со кое било друго време од годината. Промените во рутината, вежбањето и исхраната мошне веројатно ги изложуваат луѓето на поголем ризик.

Оваа студија ги потврдува претпоставките од претходните студии во врска со тоа кога се случуваат најтешките срцеви удари, но сега треба да разбереме зошто овие скокови се случуваат во одредени денови од неделата. Со тоа, подобро ќе ја разбереме оваа смртоносна болест и ќе спасиме повеќе животи во иднина“, заклучуваат авторите.

Клучни зборови: