Рубрика: Информатика
18 издание на Летниот aкадемски курс во организација на БЕСТ Скопје
Автор: Редакција Емитер
Објавено на 22.06.2023 - 14:30

Алката што недостасува во сечиј студентски живот!

БЕСТ Скопје (Борд на европски студенти по технологија), по 18 пат го организира Летниот академски курс. Овој настан, кој што прерасна во децениска традиција, е синоним за врвно студентско комплементарно образование, стручно доусовршување, но и интеркултурно запознавање со млади луѓе од сите краеви на Европа.

Настанот е еден од бројните други настани – саеми за вработување, симпозиуми за едукација, инженерски натпревари, студентски размени и работилници, во организација на БЕСТ Скопје. Ваквите настани помагаат при развојот на тврдите и меките вештини на студентите, им помагаат да се истакнат на пазарот на трудот, им овозможуваат прилики за вмрежување, но значајно им влијаат и на социјалниот и личниот развој.

Вакви несекојдневни искуства се клучен дел од академскиот живот без кои не може целосно да се заокружи студентското искуство.

Оваа година, Летниот академски курс се одржува во Скопје, од 16 до 24 јули, во соработка со врвен професорски кадар на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ). Професорите за време на академските активности ќе имаат за цел, до странските и до домашните учесници, да ги доближат концептите на една од најактуелните теми на денешницата, а без сомнение и на блиската иднина – вештачката интелигенција!

На крајот на секој курс, учесниците полагаат завршен испит, со чие положување се стекнуваат со сертификат за успешно завршен курс од академски карактер.

Но, овој настан не е само учење! Неминовен дел од убавината на академските курсеви се и новите пријателства стекнати со колеги од разни европски држави, незаборавните дружби и новите спомени кои никогаш нема да се заборават. За време на курсот, студентскиот дух и жар се најживи од било кога!

Студентите на УКИМ што сакаат да ги надградат своите знаења во овие стручни теми,  може да се пријават со пополнување на следната форма.

БЕСТ е непрофитна, неполитичка, волонтерска организација која функционира во 83 ограноци (“локални групи”) ситуирани на различни универзитети низ 30 држави во Европа. БЕСТ Скопје е единствената македонска локална група која е дел од оваа голема европска фамилија!

Повеќе за целиот настан и организаторот може да дознаете од профилите на БЕСТ на социјалните медиуми

Facebook: https://www.facebook.com/bestskopje
Instagram: https://www.instagram.com/bestskopje/
LinkedIn: https://mk.linkedin.com/company/best-skopje

Клучни зборови: