Од каде потекнува повеќегодишниот облак од јаглероден диоксид што ја обвива и ја задушува планетата? Зборувајќи за климатската криза, ќе потсетиме дека индустријализираните земји се првенствено одговорни за емисиите на CO2, особено за оние што се досега произведени. Трите нови анимации на НАСА, што може да ги погледнете во прилог, го прават концептот за обемот и распространетоста на облакот од јаглероден диоксид во атмосферата, помалку апстрактен.
Видеата покажуваат каде и од кои извори се потекнува јаглерод диоксидот што се испушта во атмосферата, како овој проток се менува во текот на годината, како и од каде овој стакленички гас се апсорбира.
Секое од видата се фокусира на различен регион од светот и го прикажува текот на јаглеродниот диоксид испуштен во 2021 година – емисиите генерирани од фосилните горива се претставени со портокалова боја, оние од согорена биомаса во црвено, оние кои доаѓаат од копнените екосистеми со зелено и со сино оние кои се поврзани со океаните. Имено, сините блесоци покажуваат местата каде јаглеродниот диоксид во голема мера се апсорбира од океаните, а зелените каде што тој се апсорбира од шумите.
Во првото видео погоре, веднаш може да се забележат огромните количини на загадувачи на воздухот што се генерираат во североисточниот регион на Соединетите американски држави и дејството на амазонската прашума (зелените блесоци) која ‘обработува’ дел од испуштениот јаглероден диоксид.
Забележлива е доминацијата на портокаловата боја која е поврзана со фосилните горива и ја опкружува планетата како што месеците напредуваат.
Второто видео ги прикажува емисиите на јаглероден диоксид произведени од Европа, Блискиот Исток и Африка. Во овој случај главните емитери се Стариот континент и Саудиска Арабија.
Помалку видлив бидејќи, пропорционално во големата слика тој е речиси и занемарлив, е своевидниот црвен ореол над централниот дел на Африка, што ги претставува емисиите што потекнуваат од согорувањето на земјоделскиот материјал.
Конечно, на третата анимација ги следиме емисиите од Азија и Австралија. Може да се забележи количеството на јаглероден диоксид што го замаглува Пекинг и речиси отсуството на гасовити материјали над Австралија.
Но, не се залажувајте. Второто изгледа „чисто“ само поради ниската густина на населеност на Австралија, со 26 милиони жители распоредени низ целата држава. Но, и покрај тоа таа е одговорна за најголемата количина на јаглеродни емисии по глава на жител во светот.