Paragraphica претставува фотоапарат без објектив што може да создава слики со вештачка интелигенција. Неговиот пронаоѓач бил инспириран од љубопитниот крт со ѕвездест нос, па оттаму и обликот на заменскиот “објектив”.
Камерата снима на слепо, без употреба на објектив и барало, но со помош на вештачка интелигенција и GPS. Paragraphica е уред кој изгледа како дигитален фотоапарат, но наместо објектив, на нејзе се монтира впечатлив црвен додаток со ѕвездест облик. Слично како и кртот со ѕвездест нос (Condylura cristata) кој е речиси слеп, но може да гледа благодарение на сетилниот орган во облик на ѕвезда (fovea) поставен на неговата муцка, овoj конкретeн „фотоапарат“ создаден од данскиот дизајнер Бјорн Карман фотографира без потреба од барало т.е. визир.
Камерата (првите две фотографии од лево кон десно) и малото суштество кое било инспирација за нејзиното создавање, кртот со ѕвездест нос (Condylura cristata)
Да се разбереме, сликите што оваа мала играчка ги дава на својот дигитален екран не се вистински фотографии, туку графички елаборации генерирани од вештачка интелигенција, благодарение на употребата на GPS и некои други мали трикови. Со други зборови, Paragraphica користи податоци за локацијата на сцената и вештачка интелигенција за да ја репродуцира фотографијата во одредено место и време. Визирот, всушност, го прикажува описот за сцената во реално време на локацијата на ‘фотографот’ и со притискање на копчето инструментот се создава сцинтиграфска претстава на она што тој го гледа.
Груба шема за начинот на којшто функционира Paragraphica
„Кртот со ѕвездест нос стана совршена метафора и инспирација за разбирање како начинот на кој другите интелигенции го перцепираат светот, што може да биде речиси невозможно да се замисли од човечка перспектива“, објаснува Карман. „Камерата нуди начин да се доживее светот околу нас на начин што не е ограничен само на визуелната перцепција. Благодарение на GPS и вештачката интелигенција, Paragraphica обезбедува подлабок увид во суштината на моментот преку перспективата на другите интелигенции“. Накратко, уредот може и нема да ви се најде за фотографирање спомени од одмор, но не може да се негира дека овој бизарен предмет има свој шарм, нешто во што секој може да се увери.
Од процесот на создавање на Paragraphica
Имено, со плаќање две евра ќе добиете виртуелна ролна од 36 фотографии за Paragraphica (тука). Со вклучување на геолокацијата на вашиот паметен телефон или компјутер (GPS-от мора да е активен во тек на снимањето) вашиот уред се претвора во Paragraphica. Првата претходно поставена снимка е предложена директно од камерата, а можно е да се интервенира на различни параметри со виртуелно поместување на трите горни копчиња за нагодување, што ги регулираат зумот, стилот на фотографијата, како и годината на фотографирањето. Што се однесува до временските услови, тие се собираат во живо од веб, исто како и податоците за времето од денот. Во овој момент, сѐ што треба да направите е да кликнете на црвеното копче за да ја видите вашата виртуелна фотографија.
За само две евра и вие може да го испробате овој прв ВИ фотоапарат