Омнибус
Во денешниот времеплов бележиме 31 година од смртта на еден од пронаоѓачите на интегрираното коло, Роберт Нојс, 56 години од првата американска вселенска прошетка, 48 години од падот на првиот надзвучен авион и точно 529 години од денот кога бил претставен првиот глобус.
Објавено на 03.06.2021 - 15:30

Информатика
Вчера, на најголемиот настан од областа на информатиката Computex во Тајпеј, беше објавена веста дека компанијата АМД соработува со Самсунг во развојот на новата RDNA 2 графичка технологија наменета за SoC мобилните чиопови Exynos. Крајната цел е да подобрат перформансите на графичките процесори (GPU) во склоп на класичните телефони на Самсунг.
Објавено на 03.06.2021 - 13:45

Климатологија
Деструктивните шумски пожари од огромни размери кои го погодија регионот на Сибир пред некоја година
Научниците открија летна климатска шема над и околу Арктикот којашто можеби ги поттикнува топлотните бранови во Европа и големите шумски пожари, преку загаденот воздухот што го носи од просторите над Сибир и субполарна Северна Америка.
Објавено на 02.06.2021 - 17:15

Омнибус
Денес одбележуваме точно 125 години од денот кога Маркони поднел патентна пријава за новиот изум – радиото, и 91 година од раѓањето на американскиот астронаут Пит Конрад, кој беше дел од екипажот на мисијата Аполо 12 и еден од вкупно дванаесетте астронаути кои досега стапнале на Месечината.
Објавено на 02.06.2021 - 16:45

Астрономија и астронаутика
Посветлите региони имаат поголема концентрација на темна материја додека потемните делови го таканаречени ‘космички празнини’ фото: Dark Energy Survey
Истражувачите ја создадоа досега најголемата мапа на темна материја. За потсетување, темната материја е невидливиот материјал којшто се смета дека претставува 80% од вкупната материја во универзумот. Но, ако темната материја е невидлива како тогаш бил изведен овој потфат? Како и сè друго – со ползување на досега познатите научни факти и откритија ;)
Објавено на 02.06.2021 - 14:30

Омнибус
Во денешниот времеплов одбележуваме 114 години од роденденот на Френк Витл, еден од татковците на турбомлазниот мотор, и точно 190 години од првата опсервација на Магнетниот Северен Пол...
Објавено на 01.06.2021 - 17:30

Енергетика
Истражувачите од Техничкиот универзитет Чалмерс (Chalmers University of Technology) од Гетеборг, Шведска, произведоа структурна батерија која работи десетпати подобро од сите претходни верзии. Содржи јаглеродни влакна кои служат истовремено како електрода, спроводник и носечки материјал. Нивниот истражувачки исчекор го отвора патот за суштествено масовно складирање на енергија во возилата и друга технологија.
Објавено на 01.06.2021 - 13:30

Омнибус
Последните две глобални финансиски кризи се предизвикани од широко распространетата прифатеност на нови технологии и инструменти кои не се проучени доволно добро, така што, наводно, работата може да се повтори.
Објавено на 31.05.2021 - 12:45

Медицина
Полека наближуваме до важната граница од 20 нови случаи за 14 дена на 100 000 жители, границата на прв степен на ризик од ширење на заразата, односно нивото на спорадично заразување. Ефективниот репродукциски број Rt по малку се поткрева, но можеме да сметаме дека тоа повеќе се должи на приближувањето на долното плато (нивото на спорадично заразување) отколку на зголемената преносливост на вирусот – барем засега.
Објавено на 30.05.2021 - 20:30

Омнибус
Во денешниот времеплов го славиме 91-виот роденден на човекот кој ја предвиде “божјата честичка”, Питер Хигс, како и 241 година од раѓањето на францускиот хемичар и природонаучник, Анри Браконо. Исто така ја одбележуваме првата ‘посета’ на МВС со спејс-шатл, и денот кога за првпат директно беше потврдена Ајнштајновата теорија на релативноста...
Објавено на 29.05.2021 - 18:45

Pages