Медицина
Ефективниот репродукциски број Rt, мерилото на преносливоста на вирусот и забрзувањето на дневните бројки, наместо после почетниот раст и врвот пред три недели да започне да се намалува, продолжува да искачува. Тој раст се забележува во сите временски рамки, а на првиот дијаграм го гледаме со 15-дневно усреднување (кај 7-дневното е уште поголем, неделава изнесува дури 1,95).
Објавено на 03.08.2021 - 11:30

Омнибус
Во овој времеплов ги славиме роденденот на ирскитфизичар Џон Тиндал, и на првата кинеска подморница на нуклеарен погон. Го одбележуваме и откритието на позитронот, подвигот на вистинската подморница Наутилус, како и претставувањето домашниот персонален компјутер TRS-80, а се сеќаваме и на почетоците на развојот на програмскиот јазик COBOL.
Објавено на 01.08.2021 - 18:45

Медицина
Толку висок репродукциски број Rt, толку високо забрзување на дневните бројки, не сме виделе уште од ланското попуштање на мерките по Рамазан бајрам, односно Св. Кирил и Методиј. Делта сојот има толку висока преносливост, потпомогната од целосно либерализираните мерки и свадбите, што ни досегашната прележаност и вакцинираност многу не помагаат.
Објавено на 31.07.2021 - 20:30

Астрономија и астронаутика
Командантот на мисијата Дејвид Скот управува со роверот при втората прошетка по Месечината
Денес се навршуваат точно 50 години од слетувањето на мисијата Аполо 15 на површината на Месечината. За повеќето оваа мисија е позната како мисијата кога за првпат астронаутите возеа автомобил на површината на друго небесно тело. Но, значењето на месечевиот ровер е многу поголемо од куриозитетот да се вози автомобил на Месечината –лунарното баги им овозможи на астронаутите да се движат подалеку и побрзо, да земат примероци од почвата што инаку би поминале неоткриени и да постават низа нови научни инструменти. Токму затоа денес, воочи половина век од денот кога за првпат овој автомобил беше стартуван на Месечината, пишуваме за овој настан.
Објавено на 30.07.2021 - 17:00

Архитектура и градежништво
Учествувате на квиз и ви паѓа прашање “Кој е најбрзиот лифт на светот?”. За да не очајувате тогаш прочитајте и дознајте... или пратете му на вашиот пријател што ќе треба да знае ;)
Објавено на 30.07.2021 - 13:15

Омнибус
Во овој времеплов гo славиме родендените на руско-американскиот иноватор Владимир Зворикин, пионер во доменот на телевизијата, jа одбележуваме годишнината од смртта на британската хемичарка и нобеловка Дороти Хоџкин, и се сеќаваме на моментот кога Мајкрософт го презеде Yahoo.
Објавено на 29.07.2021 - 18:30

Медицина
Во првите денови од вакцинацијата со mRNA вакцините на Фајзер (Pfizer), имаше предупредувања од некои научници дека T-killer клетките (клетките убијци, компонента на клеточниот имунитет), откако ќе ги препознаеле како инфицирани клетките кои содржат и емитуваат шилци од корона вирус (кои самите клетки ги произведувале, бидејќи така биле инструирани од mRNA вакцината, за да предизвикаат реакција антиген-антитело), ќе ги уништувале инаку здравите клетки од организмот. Бидејќи во целиот организам сите клетки емитуваат шилци, тие научници предвидуваа дека клеточниот имунитет ќе го убиел здравиот организам и дека во иднина ќе имало масовно умирање на вакцинираните со mRNA вакцините на Фајзер.
Објавено на 29.07.2021 - 13:00

На граница на науката
Во 1969 година човештвото направи голем подвиг – двајца астронаути од Мисијата Аполо 11 се спуштија на Месечината на 20 јули и зачекорија по неа на 21 јули 1969 година! Тој триумф на науката и човечкото херојство малку подоцна иницираше една неочекувана и чудна појава – теорија на заговор дека астронаутите не се спуштиле на Месечината и дека тоа е една голема измама на НАСА!? Во оваа серија статии анализираме (и демантираме) повеќе поединечни теми од оваа теорија на заговор, за да може заинтересираните полесно правилно да се информираат, а и да им овозможиме пофокусирано да дискутираат на нашата фејсбук страница за конкретната тема. Во овој седми дел од серијата зборуваме за темата: „Отисокот од чизмата на Олдрин врз месечевото тло“.
Објавено на 29.07.2021 - 11:30

Омнибус
Во овој времеплов оддаваме почест на делото на англискиот физичар и хемичар Џон Далтон, ја одбележуваме појавата на системот Windows NT 3.1, и ги славиме родендените на германскиот хемичар и нобеловец Ханс Фишер, на американскиот лекар и генетичар Барук Семјуел Бламберг и на американскиот теоретски физичар Чарлс Хард Таунс.
Објавено на 28.07.2021 - 15:15

Омнибус
Деновиве, поточно на 23 јули, во јавноста беше објавена жална вест – познатиот физичар-теоретичар Стивен Вајнберг (Steven Weinberg) почина во 88 години од неговиот живот. Тој беше еминентен научник познат по неговиот голем научен придонес во дополнувањето и разјаснувањето на Стандардниот модел на субатомските честички, по неговата работа на полето на теоријата на квантното поле, гравитацијата, суперсиметријата, суперструните и космологијата, како и на теоријата наречена Техниколор. Покрај ова беше и популаризатор на научната мисла, објавувајќи повеќе научно-популарни книги.
Објавено на 28.07.2021 - 13:15

Pages