Астрономија и астронаутика
Ѕвезденото јато Хијади
Во трудот објавен во списанието Monthly Notices of the Royal Astronomical Society, тим астрономи навести за можно присуство на црни дупки во нашето соседство. Објектите се веројатно сместени во ѕвезденото јато Хијади (Hyades). Доколку нивното постоење биде потврдено, тие би биле најблиските црни дупки до Земјата – оддалечени само 150 светлосни години.
Објавено на 13.09.2023 - 12:45

Екологија
Еден од најинвазивните видови во светот – црвената огнена мравка, има воспоставено колонии во Европа, предупредуваат научниците. Мравите со латинско име Solenopsis invicta се агресивен вид со потекло од Јужна Америка, но во текот на минатиот век нивното “царство” постепено се прошири и надвор од родните краеви во Бразил, Аргентина и Перу. Огнените мрави денес можат да се најдат во Северна Америка, Азија и ширум Океанија, а сега и во Европа.
Објавено на 12.09.2023 - 16:30

Информатика
За Udemy онлајн платформата за учење и настава сигурно сте слушнале. Основана е во мај 2010 година од Ерен Бали, Гаган Бијани и Октај Чаглар, на Udemy може да се најдат и широк спектар на бесплатни онлајн курсеви меѓу кои и курсеви за користење на вештачка интелигенција.
Објавено на 12.09.2023 - 10:45

Екологија
Според тим од британски и мексикански истражувачи, еко-туризмот може да го промени однесувањето на кит-ајкулите. Студијата објавена во Scientific Reports, вели дека кит-ајкулите (Rhincodon typus) се однесувале повознемирено во присуство на нуркач околу нив.
Објавено на 11.09.2023 - 12:30

Научна фантастика
Додека ние чествуваме Ден на независноста на Македонија, гиковите и сај-фај нердовите денес го одбележаа денот на Ѕвездени патеки – Star Trek Day. Имено, на денешен ден, пред точно 57 години оригиналната серија Ѕвездени патеки дебитираше на малите екрани со “Каде ниту еден човек не бил порано”.
Објавено на 08.09.2023 - 22:30

Математика
286 386 577 668 298 411 128 469 151 667 598 498 812 366. Ова не се 42 броја земени по случаен избор. Оваа количина одговара на бројот на монотони Булови функции во девет димензии. Ова неодамна го утврдија Ленарт Ван Хиртум, компјутерски научник на Универзитетот во Падерборн во Германија, Патрик Де Каусмакер од КУ Левен во Белгија и нивните колеги, по повеќегодишна работа и 1500 часа поминати во пресметки.
Објавено на 07.09.2023 - 16:15

Историја и археологија
Луѓето за првпат пристигнале од пределите на југозападна Азија во Европа пред 1,4 милиони години и оттогаш го освојуваат и населуваат континентот, приспособувајќи се на сите можни услови и преживувајќи дури и екстремни климатски промени. Ова беше доминантната теорија за ширењето на луѓето во Европа. Барем, до неодамна...
Објавено на 07.09.2023 - 13:00

Астрономија и астронаутика
Токму ваков е заклучокот на една нова студија изработена од истражувачки тим од САД. Моделирањето и симулацијата за создавање на минимална почетна популација за успешна колонија на Марс која би продолжила да напредува покажале дека целта може да се постигне со само 22 луѓе.
Објавено на 06.09.2023 - 22:15

Електротехника
Реализирањето на домашните поправки, преправки, градинарски уредувања и хоби-проекти секако е полесно со вистинскиот алат во рака. Сите домашни ентузијасти секако ќе ги израдува новата понуда од една од најреномираните компании за продажба на алат на македонскиот пазар – Лотулс, кои повторно стокмија интересна понуда за нив.
Објавено на 05.09.2023 - 16:15

Наутика
Една англиска компанија неодамна тестираше нов тип на цврсто едро коешто има потенцијал да направи револуција во поморската логистика. Едрата од новата генерација инсталирани на транспортните бродови би можеле значително да ги намалат загадувачките емисии во поморскиот транспорт.
Објавено на 05.09.2023 - 10:00

Pages