Мери Е. Бранкоу, Фред Рамсдел и Шимон Сакагучи со овогодинешните лауреати на Нобеловата награда за медицина и физиологија 2025 за, како што тоа го наведуваат од Нобеловиот комитет: „нивните откритија во врска со периферната имунолошка толеранција“ Имено, секој од нив во својот сегмент даде придонес во тоа да се открие како имунолошкиот систем се држи под контрола
Моќниот имунолошки систем на телото мора да се регулира, или може да ги нападне нашите сопствени органи. Мери Е. Бранкоу, Фред Рамсдел и Шимон Сакагучи се наградени со Нобеловата награда за физиологија или медицина за 2025 година за нивните револуционерни откритија во врска со периферната имунолошка толеранција што го спречува имунолошкиот систем да му наштети на телото.
Секој ден, нашиот имунолошки систем нè штити од илјадници различни микроби кои се обидуваат да ги нападнат нашите тела. Сите тие имаат различен изглед, а многумина развиле сличности со човечките клетки како форма на камуфлажа. Па, како имунолошкиот систем одредува што треба да нападне, а што да брани?
Мери Бранкоу, Фред Рамсдел и Шимон Сакагучи се наградени за нивните фундаментални откритија поврзани со периферната имунолошка толеранција. Лауреатите ги идентификуваа безбедносните чувари на имунолошкиот систем, регулаторните Т-клетки, кои ги спречуваат имунолошките клетки да го нападнат нашето сопствено тело.
„Нивните откритија беа одлучувачки за нашето разбирање за тоа како функционира имунолошкиот систем и зошто сите не развиваме сериозни автоимуни болести“, вели Оле Кампе, претседател на Нобеловиот комитет.
Нобело
Шимон Сакагучи се осмели да оди наспроти популарното и општо прифатено мислење, кога во 1995 година го направи првото клучно откритие. Имено, во тоа време добар дел од истражувачите беа убедени дека имунолошката толеранција се развива само поради елиминирање на потенцијално штетните имунолошки клетки во тимусот, преку процес наречен централна толеранција. Сакагучи покажа дека имунолошкиот систем е посложен и откри претходно непозната класа на имуни клетки, кои го штитат телото од автоимуни болести.
Мери Бранкоу и Фред Рамсдел го направија другото клучно откритие во 2001 година, кога презентираа објаснување зошто специфичен сој на глувци е особено ранлив на автоимуни болести. Тие откриле дека глувците имаат мутација во ген што го нарекле Foxp3 и покажале дека и мутациите во човечкиот еквивалент на овој ген предизвикуваат сериозна автоимуна болест, IPEX.
Две години по ова, Шимон Сакагучи успеал да ги поврзе овие откритија. Тој докажал дека генот Foxp3 го регулира развојот на клетките што ги идентификувал во 1995 година. Овие клетки, сега познати како регулаторни Т-клетки, ги следат другите имунолошки клетки и обезбедуваат нашиот имунолошки систем да ги толерира нашите сопствени ткива.
Откритијата на лауреатите го зачнаа полето на периферна толеранција, поттикнувајќи го развојот на медицински третмани за рак и автоимуни болести. Ова може да доведе и до поуспешни трансплантации. Неколку од овие третмани сега се во фаза на клинички испитувања.