Вчера, 7 октомври, во организација на компанијата ГДИ (GDI) во Marriott Hotel во Скопје се оддржа конференцијата GDi Solutions Day 2025, посветена на најновите технологии, иновации и трендови што го обликуваат светот на дигиталната трансформација. Конференцијата овозможи вмрежување и размена на знаења помеѓу јавни институции и компании од различни индустрии во приватниот сектор.
Присутните имаат можност да се запознаат со најновите решенија од GDi Ensemble, како и со технолошките иновации од глобалниот лидер Esri.
Свое обраќање имаше Дејан Крстевски, директор на ГДИ Скопје кој истакна дека "ГДИ станува сигурен партнер за модернизација и дигитална трансформација на сите инфраструктурни сектори во регионов, како во електронски, телекомуникациски и електроенергетски компании и претпријатија, транспортни системи и институции на кои им е потребно скалабилни платформи за управување со нивната постоечка гранка. ГДИ ги води низ процесот на дигитални близнаци кои тие не се градат туку се одржуваат. GDi Ensemble OSS е дигитална софтверска платформа која поддржува конфигурабилни и флексибилни имплементации на комплетни решенија за деловни процеси."
На конференцијата беа презентирани и реални искуства и практични примери од ученици од IPS International Primary School и GIS клубот од Битола кои прикажаа креативни StoryMaps проекти како и начинот на кои успешно ги применуваат GDi решенијата за дигитализација, автоматизација, оптимизација на трошоци и зголемување на ефикасноста и транспарентноста во своето работење.