Астрономија и астронаутика
Уметнички приказ на средновековен ракопис за астрономијата
Во 2024 година (точниот датум сè уште не е познат) астрономите очекуваат дека во текот на неколку дена објектот T CrB, во соѕвездието Северна Круна (Corona Borealis), ќе го зголеми сјајот, а потоа ќе се врати во првобитната состојба. T CrB е бинарен ѕвезден систем составен од масивно бело џуџе и црвен џин, а се наоѓа во нашата галаксија на оддалеченост помеѓу 2 600 и 3 130 светлосни години од нас. Она што го прави T CrB интересен е тоа што неодамна, објектот беше идентификуван во ракопис од 1217 година, а тоа не е единственото изненадување.
Објавено на 19.09.2023 - 17:00

Енергетика
По најавите за конечната изградба на пумпно-акумулационата хидроелектрана Чебрен, капацитет којшто на нашиот систем му е насушно потребен, да разгледаме колку отприлика чини изведбата на една ваква електрана, колкав би бил проектираниот производен капацитет на електраната, што од тоа реално би користеле ние како корисници во Македонија и што тоа значи за нас. На овој начин ќе може да добиеме реална слика за полезноста на електраната, нејзината вредност и, секако, да процениме колку губиме со давањето на нашите ресурси под концесија, базирано на прелиминарните пресметки на ЕСМ.
Објавено на 19.09.2023 - 13:45

Информатика
Антропик, компанија за вештачка интелигенција поддржана од Google, лансираше во САД и Велика Британија платена верзија на својот чет-бот Клод. Со цена од 20 американски долари (или 18 британски фунти) месечно, новата опција Claude Pro нуди приоритетен пристап кога ботот е зафатен, ран пристап до новите функции и можност за испраќање повеќе пораки.
Објавено на 18.09.2023 - 19:00

Омнибус
Додека ги чекаме објавите за добитниците на вистинските Нобелови награди, настан што треба да се случи на почетокот од идниот месец, ред е да ги разгледаме и добитниците на овогодинешните Иг Нобел награди. А се чини дека нема недостток на, ахем, интересни истражувања. Зошто геолозите сакаат да лижат карпи? Може ли нозете од мртов пајак да се користат како прецизна пинцета? Ова се дел од бизарните прашања на кои одговор даваат студиите што освоија Иг Нобел оваа година.
Објавено на 18.09.2023 - 13:45

Екологија
Еден од најтешките проблеми со кои се соочуваме во време на еколошка транзиција е конфликтот помеѓу производството на чиста енергија и влијанијата врз биодиверзитетот и животната средина на структурите што ја произведуваат. Но, иако веќе подолго време се знае дека ветерните турбини претставуваат проблем за локалните птици и лилјаци, една нова студија објавена неодамна во Journal of Applied Ecology, која го разгледува влијанието на капацитетите за искористување на сончевата енергија, открива дека и фотонапонските системи создаваат неочекувани проблеми за екосистемот.
Објавено на 15.09.2023 - 14:00

Аеронаутика
Оваа година се навршуваат точно 100 години од основањето на Аероклубот Скопје. По тој повод овој викенд, поточно утре во сабота на 16 септември, на спортскиот аеродром Стенковец во непосредна близина на Скопје, клубот организира голем аеромитинг на кој учество ќе земат не само членовите од аероклубот и клубовите во Македонија, туку и пријателите на македонското воздухоппловство од регионот и пошироко.
Објавено на 15.09.2023 - 12:15

Екологија
Глетка кон Преспанското Езеро од падините на планината Баба над селото Сливница
Денеска беше пробиен претходниот, многугодишен минимум на нивото на Преспанско Езеро. Не само што беше пробиен, туку брзината на намалување на нивото е поголема отколку во претходните неколку години, како што се гледа од стрмините на портокаловите линии на трендот.
Објавено на 14.09.2023 - 16:30

Астрономија и астронаутика
Тим истражувачи откри фрагменти од метеор што паднал во Пацификот во 2014 година. Нивните првични анализи потврдуваат дека објектот потекнува од друг сончев систем.
Објавено на 14.09.2023 - 15:30

Метеорологија
Појавата на разорни поплави ширум Европа, Јужна Америка и Африка е сѐ почеста, па научниците го свртија вниманието кон изнаоѓање начини за што побрз систем за предупредување, што би придонело за побрза реакција на соодветните служби и ублажување на последиците од природните непогоди.
Објавено на 14.09.2023 - 13:45

Омнибус
Вчера, 12 септември, со дегустации на македонски вина и храна, тимот на ВИНОПЕДИА стартува серија настани чијашто цел е промоција на изработката на првата винска енциклопедија. Македонија е прва земја на Балканот во која на иницијатива од приватниот сектор е започната подготовка и создавање на македонска винска енциклопедија Винопедиа (анг. Vinopedia), која ќе биде достапна и на македонски и на англиски јазик, во дигитална и во печатена форма. Како што откри Здравко Јосифовски, од тимот на Винопедија, печатеното издание од винската енциклопедија е планирано треба да стане достапно напролет во 2024 година, додека електронското издание на енциклопедијата, најавено за ноември, е веќе во предпродажба на Amazon.
Објавено на 13.09.2023 - 14:30

Pages