Автомобилска техника
Вчера попладне по американско, или во доцните вечерни часови по наше време, Tesla ги испорача првите 10 сериски изработени Cybertruck камионети на клиентите. Целиот настан беше емитуван во живо на платформата X. Демо видеото прикажуваше снимки од Cybertruck како праши низ пустелии, вклучително и нешто што требаше да наликува на површината на Марс. Маск излезе на сцената со речиси половина час задоцнување, првично изложувајќи ја презентацијата од задниот дел на камионот, со лице скриено во сенка.
Објавено на 01.12.2023 - 17:45

Историја и археологија
Извештајот од едно археолошко истражување, поставен на платформата со отворен пристап Wiley, во кој се тврди дека структура пронајдена во Индонезија е најстарата пирамида во светот, предизвика лавина од реакции и многу критики од некои од археолозите кои сега инсистираат на повеќе и недвосмислени докази за ова тврдење. Сензационалното истражување заклучува дека постои пирамида која се наоѓа под праисториската локација Гунунг Паданг во Западна Јава, Индонезија, која можеби била изградена пред 27 000 години. Ова би значело дека таа е многу постара од првата египетска пирамида, Џосеровата пирамида изградена пред 4600 години. Исто така, тоа би значело дека оваа градба настанала пред најстарата позната мегалитска локација Гебекли Тепе во Турција, која била изградена пред околу 11 000 години!
Објавено на 01.12.2023 - 16:15

Енергетика
Претходно ги видовме финансиските анализи на разни варијанти за ПАХЕ „Чебрен“, но сувопарните бројки, доколку не се постават едни покрај други, не кажуваат многу. Сега ќе извршиме споредба на трите главни сценарија, а дијаграмите кажуваат повеќе од илјадници зборови.
Објавено на 01.12.2023 - 13:30

Информатика
Срна е првиот српски инфлуенсер со вештачка интелигенција. Таа патува низ светот и ги запознава своите следбеници со различни глетки, како што наведува на својот Инстаграм профил. Таа го привлече вниманието на многумина со своите интересни и едукативни објави. Се прашувавме кој стои зад нејзиниот профил и одговара на коментари, ChatGPT или некоја личност, но и која е нејзината цел.
Објавено на 01.12.2023 - 10:15

Електроника
Плакатот за изложбата 'Од шибер до дигитрон'
На 23.11.2023 во Техничкиот музеј „Никола Тесла“ во Загреб беше отворена изложбата „Од шибер до дигитрон – Производството на помагала за пресметување во Хрватска“. Автор на изложбата е проф. д-р Борис Халас (Boris Halasz), кој веќе подолго време работи на собирање, истражување и организирање на изложби на електронски и механички калкулатори и други помагала за пресметување. Изложбата ќе биде отворена за посетители од 24.11.2023 до 31.03.2024. Во продолжение ви го пренесуваме текстот наменет за медиумите, во врска со изложбата и придружниот каталог.
Објавено на 29.11.2023 - 16:45

Медицина
Хроничните воспалителни болести на цревата, како што е Кроновата болест, може да се детектираат преку резултатите од тестовите на крвта неколку години пред појавата на сериозни симптоми. Според студијата објавена во научното списание Cell Reports Medicine, две хронични инфламаторни цревни заболувања, Кроновата болест и улцеративниот колитис може да се откријат рано преку некои мали промени во вредностите кај рутинските тестови на крвта, односно осум години и три години пред поставувањето на официјалната дијагноза.
Објавено на 29.11.2023 - 15:00

Телекомуникации
Кина започна со имплементација на, како што тие ја нарекуваат, најнапредната интернет мрежа во светот, што ќе работи неколкупати побрзо од постоечките мрежи. Според кинескиот технолошки производител Huawei, мрежата која ќе може да пренесува податоци со брзина од околу 1,2 терабити или 1200 гигабити во секунда, е доволно брза за пренос на податоци од 150 филмови во една секунда.
Објавено на 28.11.2023 - 17:45

Омнибус
Обраќање на претседателот на Здружението за промоција на македонската култура во Полска, г-динот Горан Шутиновски, како и представување на дел од тимот позади оваа идеја.
На 25 ноември, во просториите на Волскиот центар за култура во Варшава, се одржа инагуративниот настан по повод формирањето на Здружението за промоција на македонска култура во Полска, регистрирано под името (на полски јазик) Stowarzyszenia Kultury Macedońskiej w Polsce.
Објавено на 28.11.2023 - 13:00

Информатика
Амазон најави дека планира да користи беспилотни летала за достава на пакети до клиентите во Обединетото Кралство и Италија, почнувајќи од следната, 2024 година. Услугите ќе започнат на засега непознати локации пред крајот на годината. На избраните клиенти со дрон може да им бидат доставени предмети со тежина до 2 килограми, до нивните градини.
Објавено на 27.11.2023 - 16:30

Омнибус
Со извесно задоцнување да ги разгледаме резултатите од уписите на УКИМ во првиот уписен рок за учебната 2023/2024 година. Доцнењето е поради чекањето ФДУ да објави ранг листи на Интернет, но тие тоа никогаш не го направиле.
Објавено на 27.11.2023 - 11:00

Pages