Рубрика: Електроника
Ин мемориам Влатко Костадиновски (1964–2026)
Објавено на 08.01.2026 - 19:45

Со голема тага ја примивме веста за заминувањето на Влатко Костадиновски, соработник на списанието Емитер и ценет техничар во македонските медиуми. Роден во Скопје, Костадиновски уште од младоста ја негувал својата страст кон електрониката – прво како хоби, а потоа и како професионална определба.

Во Емитер објави 13 статии од областа на електрониката, претставувајќи апликации и проекти со кои ја збогати техничката култура кај македонската публика. Неговата мотивација секогаш била да ги сподели сопствените изработки и да инспирира нови генерации љубители на техниката.

Професионално, Влатко Костадиновски беше дел од тимот на Канал 5 цели 24 години, каде работеше во техничкиот сектор со истата посветеност и ентузијазам. Претходно своето искуство го градел во ТВ Телма и РТВ Сервис. Колегите го паметат како скромен, вреден и секогаш подготвен да помогне.

Последниве години се занимаваше со изработка на практични и украсни елементи од дрво.

Со неговото заминување македонската научно-техничка јавност изгуби вреден автор и пријател. Неговите дела и придонес ќе останат трајно сведоштво за љубовта кон науката и техниката.

Некои од проектите на Влатко Костадиновски објавени во ЕМИТЕР: Мерач на индуктивност (ЕМИТЕР 4/2004) и Колор бар генератор (ЕМИТЕР 7-8/2006)

Клучни зборови:
Мерач на индуктивност – ЕМИТЕР 4/2004

Некои од проектите на Влатко Костадиновски објавени во ЕМИТЕР: Мерач на индуктивност – ЕМИТЕР 4/2004

Колор бар генератор – ЕМИТЕР 7-8/2006

Некои од проектите на Влатко Костадиновски објавени во ЕМИТЕР: Колор бар генератор – ЕМИТЕР 7-8/2006