Телекомуникации
FTTH Council Europe ја носи својата експертиза и искуство како организатор на настани за да ја поддржи FTTH индустријата во европските региони кои заслужуваат поголемо внимание. Овој нов настан ја надополнува годишната FTTH конференција на оваа организација и се фокусира на двигателите на распоредувањето на FTTH во Југоисточна Европа. Во таа насока конференцијата што овие два дена се одржува во хотелот Шератон Дубровник Ривиера, нуди висококвалитетни говорници, содржина, вмрежување и мала изложба на FTTH производи и услуги.
Објавено на 29.10.2024 - 21:30

Информатика
Денес се навршуваат точно 55 години откако на 29. октомври 1969 година беше пратена првата порака од компјутер до компјутер . Ова беше направено преку ARPANET (Advanced Research Projects Agency Network), претходникот на интернетот. Мрежата ARPANET е оснивана од тогашната ARPA (Advanced Research Projects Agency – денес DARPA), огранокот за научни истражувања на министерството за одбрана на САД. Таа беше наменета за да се користи во проекти на универзитетите и научните лаборатории.
Објавено на 29.10.2024 - 14:30

Информатика
Денес, во хотелот Александар Палас, започна годишната конференција на МАСИТ, која оваа година се одржува по 19-ти пат. Дводневниот настан носи висококвалитетна програма исполнета со бројни истакнати говорници кои преку клучни предавања, панел дискусии и презентации ќе ги пренесат своите експертски знаења и искуства од областа на вештачката интелигенција (AI).
Објавено на 29.10.2024 - 14:00

Информатика
Google Flights ветува дека ќе ги пронајде за вас најсоодветните евтини летови, секако ако сте подготвени да жртвувате малку од комфорот. Дали ова ќе се оствари? Ќе дознаеме за недела-две...
Објавено на 28.10.2024 - 17:45

Екологија
Сликата е генерирана со ВИ
Според соопштението за печат објавено од компанијата Митли, кучињата во Обединетото Кралство ќе бидат првите што ќе имаат можност да се хранат со со култивирано месо. Британската компанија Митли што ќе одгледува клетки од пилешко месо за да ги претвори во храна за кучиња, прва во Европа доби зелено светло за трговија со култивирано месо.
Објавено на 28.10.2024 - 16:45

Информатика
Google неодамна лансираше нова функција која ви овозможува да најдете информации на интернет преку снимање на кратко видео. За користење на новата функција која користи вештачка интелигенција, потребно е само да ја насочите камерата кон некој предмет, да го држите кругот што се користи за фотографирање во режимот „Lens“, и на глас да поставите прашање за пребарувачот. Релевантните одговори се прикажуваат за неколку моменти.
Објавено на 22.10.2024 - 13:45

Информатика
Пред дваесетина дена Марк Цукерберг (Mаrk Zuckerberg), американскиот бизнисмен и основач на Фејсбук го претстави својот нов изум – очилата Орион, за кој вели дека е револуционарен. Цукерберг додава дека за десетина години сите ние ќе ги замениме своите мобилни телефони со вакви специјални очила...
Објавено на 21.10.2024 - 21:15

Физика
Кина е дом на најмоќниот отпорен магнет на светот, кој произведе магнетно поле 800 000 пати посилно од Земјиното. Магнетот поставен во Постројката за стабилно високо магнетно поле (Steady High Magnetic Field Facility – SHMFF) при Институтот за физички науки Хефеи на Кинеската академија на науките, на 22 септември оваа година успеал содржи стабилно магнетно поле со јачина од 42,02 тесла. Оваа бројка тесно го надминува претходниот рекорд за постигнатна јачина на магнетното поле кој изнесува од 41,4 Тесла, поставен во 2017 година, со отпорен магнет во американската Национална лабораторија за високо магнетно поле (US National High Magnetic Field Laboratory –NHMFL) во Талахаси, Флорида. Отпорните магнети се изработени од намотани метални жици и имаат широка употреба во магнетните постројки низ целиот свет.
Објавено на 21.10.2024 - 12:30

Телекомуникации
На 18 октомври 1954, во Далас Тексас, компанијата Тексас Инструментс ќе го претстави првиот транзисторски портабл радиоприемник наречен Риџенси ТР-1 (Regency TR-1), создаден во соработка со Корпорацијата IDEA. Радиото ќе се најде на продажните места токму пред празничната сезона истата година. Веќе следната, 1955 година свое џебно транзисторско радио ќе претстави и Сони. Со ова официјално започнува ерата на преносни електронски уреди.
Објавено на 18.10.2024 - 18:15

Астрономија и астронаутика
Кометата Ц/2023 А3 Цучиншан-АТЛАС 'удира' во Пелистер над Битола.
Откако го помина најопасниот дел од нејзината прошетка низ внатрешниот дел од Сончевиот систем и ја преживеа блиската средба со Сонцето, изминативе неколку дена на ноќното небо над Македонија (а и пошироко :) ) непосредно по зајдисонце со голо око забележлива e кометата C/2023 A3 Tsuchinshan-ATLAS, наречена и комета на векот. Во продолжение ви пренесуваме повеќе прекрасни фотографии од кометата направени од повеќе локации низ Македонија, но и од Европа.
Објавено на 18.10.2024 - 12:30

Pages