Информатика
Amazon AGI објави дека го развиле најголемиот модел за текст во говор што некогаш бил создаден. Притоа се објаснува дека поимот “најголем” значи дека моделот има најмногу параметри и дека за негова обука била користена досега најголемата база на податоци. Научниот тим на Amazon AGI го опишува равојот и обуката на моделот во научниот труд којшто е достапен на предпринт серверот arXiv.
Објавено на 19.02.2024 - 15:30

Телекомуникации
Јапонскиот месечев ровер LEV-1 ја преживеа поларната ноќ на јужниот пол на Месечината и после 14 дена поминати на -130 степени Целзиусови, успеа да се разбуди и да профункционира. Ова овозможи двајца радиоаматери од Битола (Дејан Трајковски – Z31RQ/P и Николче Стојановски – Z32TW/P) конечно да ги примат, односно детектираат слабите сигнали од роверот, на фреквенција од 437,41 MHz. Еве како вчерашниот настан го опишува еден од радиоаматерите, професорот Дејан Трајковски:
Објавено на 17.02.2024 - 13:45

Астрономија и астронаутика
Овојпат фотографијата на неделата е всушност видео. Роверот Пeрсевиранс го сними поминувањето на месечината Фобос пред Сонцето. Глетката се разликува од она што во ваквите прилики може да го видиме на Земјата, а во тоа можете да се уверите и самите од видеото во прилог.
Објавено на 16.02.2024 - 12:15

Омнибус
Портрет на Галилео Галилеј
15 февруари е роденден на Галилео Галилеј (Galileo Galilei, 1564 – 1642), италијанскиот физичар и астроном и првиот човек кој го насочил телескопот кон небото за вршење на астрономски набљудувања. Првите негови откритија биле во областа на физиката, а неговата дејност во астрономијата започнала кога тој самиот конструирал телескоп во 1609 година.
Објавено на 15.02.2024 - 23:00

Информатика
Германскиот производител на батерии за автомобили Varta AG соопшти дека кибер нападот што се случил во понеделникот ја пореметил работата на пет производствени погони. Детали за нападот беа дадени во официјално соопштение од компанијата, објавено во вторникот.
Објавено на 15.02.2024 - 14:45

Астрономија и астронаутика
Уметничка визија на лендерот Нова-Ц на површината на Месечината
Само неколку недели откако компанијата Астроботик потврди дека нејзината мисија Перегрин ќе заврши на дното на Тихиот Океан, компанијата Интуитив Машинс од Тексас ќе направи свој историски обид да стане прва приватна компанија што успешно слетала сонда на Месечината. Лансирањето на мисијата IM-1 е закажано за 15 февруари од Вселенскиот центар Кенеди, на Флорида, во раните утрински часови. Лендерот до вселената треба да го однесе ракетата Фалкон 9 на СпејсЕкс.
Објавено на 14.02.2024 - 11:30

Телекомуникации
Како потсетник на денот кога кога ООН го основала радиото на Обединетите нации – 13 февруари 1946 година, денес во светот се одбележува Светскиот ден на радиото. Прославата оди под мотото “Век на информирање, забава и едукацијa”.
Објавено на 13.02.2024 - 17:00

На граница на науката
Сликата е генерирана со помош на ВИ
Лажните вести и теориите на заговор нè демнат од сите страни, а особено на социјалните мрежи каде кружат огромна количина на информации кои се земаат здраво за готово, без проверки и на збор на авторот. Дали треба да веруваме секому за сè и сешто? Секако дека не. Последниот бисер од теориите на заговор пристига во вид на интересна визуелна загатка, мотив на пченка на антички мозаик, и за неа, во својата фејсбук објава, интересна анализа направи Илијанчо Гаговски...
Објавено на 12.02.2024 - 23:30

Медицина
Доматот е една од најомилените намирници во светот, а особено кај нас во Македонија. Она што го прави ова овошје уникатно не е само неговиот вкус, туку и неговите хранливи својства, изобилството на антиоксиданси, витамини и други скапоцени хранливи материи. Но, тоа не е сѐ! Според една нова студија, ова овошје преправено во зеленчук може да „убие“ некои сериозни цревни бактериски инфекции.
Објавено на 12.02.2024 - 18:00

Астрономија и астронаутика
Мимас е најмалата и највнатрешната од главните месечини на Сатурн.
Сондата Касини, чијашто мисија за истражување на Сатурн и неговите прстени и сателити заврши во 2017 година, сè уште носи сензационални откритија. Новото изнеднадување се однесува на месечината Мимас, под чиешто “рошаво” ледено лице е детектирано присуство на течен океан.
Објавено на 12.02.2024 - 15:00

Pages