Рубрика: Информатика
Мистериозната нараквица на Синер и на Алкараз
Објавено на 03.02.2026 - 18:15

На Австралија Опен 2026, еден мал технолошки уред го украде вниманието од шампионите. Што е Whoop и зошто судиите го забранија од терените?

Триумфот на Карлос Алкараз над Новак Ѓоковиќ го затвори овогодинешното незаборавно издание на Австралија Опен. Но, она за што најмногу се дискутираше, наспроти спектакуларни потези на шампионите, беше тенката црна нараквица што се појави (а потоа исчезна) од зглобовите на протагонистите – Whoop. Многу гледачи се прашуваа зошто судиите ги принудија и Алараз и Јаник Синер да го отстранат уредот за време на натпреварите.

Рутински користена од многу спортисти, и професионалци и аматери, за следење на нивната физичка состојба, нараквицата стана еден од најпопуларните гаџети во последниве години, толку многу што може да се купи преку интернет за неколку стотици евра, во зависност од моделот. Но, од каде доаѓа и, што е уште поважно, како функционира?

Нараквицата Whoop не е родена на тениските терен, туку на полето за... сквош. Нејзиниот творец, Вил Ахмед, американски колеџ спортист, барал начин да дознае дали навистина ги подобрува своите перформанси или едноставно акумулира замор. Иако имал прецизни табеларни записи и квалификуван персонал, му недостасувала алатка способна да ги трансформира невидливите физиолошки сигнали во објективни, континуирани податоци. Оттука и идејата за создавање предмет што ќе го мери не само тренингот, туку и закрепнувањето на телото. Така се родил Whoop, софистицирана алатка за биометриска анализа што го револуционизира атлетскиот тренинг.

Зошто судиите го забранија? Правилата на Гренд слем турнирите се мошне строги: на теренот тие забрануваат употреба на каков било уред способен за снимање и пренесување податоци надвор од него. Целта е да се спречат спортистите да добиваат „индиректни упатства“ или тактички предлози врз основа на нивните витални знаци за време на натпреварот. Иако е забранет за време на официјалните натпревари, Whoop останува сојузник на најголемите тенисери за време на тренингот за оптимизирање на перформансите.

Уредот нема екран ниту дава известувања за да се избегне одвлекување на вниманието на корисникот, но постојано собира податоци, 24/7. Неговото работење се заснова врз напредна технологија. Прво, уредот користи фотоплетизмографија (PPG) – мали зелени LED диоди ги осветлуваат капиларите под кожата за да го мерат протокот на крв и срцевиот ритам со екстремна прецизност. Потоа, преку HRV анализа, уредот ја следи варијабилноста на срцевиот ритам, клучен индикатор за тоа дали телото е способно да се опорави по интензивно вежбање. Исто така, користи предикативни алгоритми – системот ги вкрстува податоците за движење и спиење за да ги пресмета "Strain"  (физичко оптоварување) и "Recovery" (способност за закрепнување).

За разлика од стандардниот паметен часовник, апликацијата поврзана со нараквицата делува како тренер. Таа предлага колку треба да спиете и кога е време за силно да се напрегнете или да забавите за да избегнете повреда. Токму оваа способност да се трансформираат биолошките сигнали во тактички одлуки ги натера судиите да ја забранат неговата употреба за време на натпреварите.

Надвор од тенискиот терен, уредита налик на нараквицата Whoop ги трансформираат биолошките податоци во стратешки одлуки што би евалуирал персоналот на играчот. Сепак, во професионален контекст, дури и индиректните информации за физиолошката состојба би можеле да се протолкуваат како надворешна „поддршка“. Поради оваа причина, судиите претпочитаа да го забранат уредот за време на натпреварите, а сепак да дозволат негова употреба за време на тренинзите.

Клучни зборови: