Енергетика
Веќе извесно време се залагам за инвестирање во нуклеарни електрани базирани на мали нуклеарни реактори (Small Nuclear Reactors – SMR). Минатата недела ЕСМ најави можно вложување во овој вид електрани. Идејата е одлична и заслужува поддршка, но треба да бидеме максимално внимателни поради можноста повторно да ни се подметне некаква штетна зделка, по примерот на Чебрен и Митилинеос. За да го избегнеме ова, но и за да ги препознаеме предностите на овој вид енергија, потребно е да се едуцираме нешто повеќе за малите нуклеарни реактори. Па да започнеме...
Објавено на 11.02.2024 - 16:15

Информатика
Паметните телефони станаа неопходност – ги користиме за да разговараме со оние кои се далеку, да гледаме видеа или да фаќаме прибелешки, но тие се и алатка со која вршиме плаќања и банкарски операции. Во овој поглед, истражувачите од Технолошкиот институт во Масачусетс (MIT) во Бостон открваат ранливост што е заедничка за многу уреди, а која во иднина би можела да биде искористена за следење на нашите активности, па дури и добивање на чувствителни шифри и пинови. Станува збор за светлинските сензори.
Објавено на 09.02.2024 - 14:30

Физика
Неделава, повикувајќи се на трудот објавен неодамна во Nature Physics, хрватски Клик извести дека научниците откриле докази за патување низ времето. Но, пред да почнете да ги барате временските патници во вашето опкружување, има една “разочарувачка” страна од веста – во основа истражувањето ја исклучува можноста (барем засега) дека некој некогаш да патува назад во времето. Но, иако во макросветот времето во вселената тече само во една насока, на микроскопско ниво се чини дека времето не се однесува целосно линеарно.
Објавено на 09.02.2024 - 12:30

Медицина
Шест месеци вежбање и здрава исхрана може да го намалат биолошкото стареење поврзано со дебелината кај децата што е придобивка поголема од самото губење на тежина.
Објавено на 08.02.2024 - 18:30

Астрономија и астронаутика
Хеликоптерот Ingenuity може да се забележи на песочната дина горе лево.
На последната фотографија од Ingenuity, малечкиот хеликоптер со двоен ротор се гледа како лежи неподвижен на песочна дина, среде карпестиот пејзаж на Марс. Фотографијата е направена на 4 февруари 2024 година, во 13 часот и 5 минути по локално соларно време, нешто повеќе од две недели откако хеликоптерот претрпе оштетување кое значеше крај на неговата мисија.
Објавено на 08.02.2024 - 15:30

Аеронаутика
Во петок, во Народна техника – Скопје, ќе се одржи првиот состанок за одбележување на педесетгодишнината од формирањето на „Хели“ клубот. На состанокот ќе треба да се реши кој ќе биде организатор на прославата по повод јубилејот, "Heli XC", Народна техника или Воздухопловната федерација на Македонија.
Објавено на 08.02.2024 - 14:30

Омнибус
Секоја година помината на училиште или на универзитет го зголемува нашиот животен век – ова е дел од заклучоците во студијата објавена минатиот месец во The Lancet Public Health. Во истражувањето биле анализирани преку 10 000 податоци од 59 индустријализирани земји и земји во развој, при што било откриено дека неучењето му штети на нашето здравје подеднакво како пушењето или злоупотребата на алкохол.
Објавено на 07.02.2024 - 17:45

Историја и археологија
Еден од свитоците од Херкуланеум што се јагленосале при ерупцијата на Везув
Тројца истражувачи – студенти од Египет, Швајцарија и САД, освоија вкупно 700 000 американски долари за дешифрирање на дел од антички текст од свиток јагленисан при ерупцијата на планината Везув во 79 година од новата ера. Се работи за реализација на предизвикот лансиран лани, попознат како Предизвик Везув (Vesuvius Challenge).
Објавено на 07.02.2024 - 15:45

Астрономија и астронаутика
Набљудувањата од вселенскиот телескоп Веб понудија директен поглед во иднината на Сончевиот систем – моментот кога Венера, Меркур и можеби Земјата ќе бидат проголтани од Сонцето.
Објавено на 07.02.2024 - 12:15

Информатика
AlphaGeometry, новиот модел на вештачка интелигенција од Google, се натпреваруваше со победниците на Меѓународната математичка олимпијада. Еве како помина.
Објавено на 06.02.2024 - 13:45

Pages