Омнибус
Во денешниот времеплов ги славиме родендените на Џорџ Гамов, исклучителен научник и популаризатор на научната мисла. Исто така одбележуваме и 85 години од првиот лет на цепелинот Хинденбург, како и денот кога британците пред 346 години го добиле првиот официјален кралски астроном...
Објавено на 04.03.2021 - 17:30

Биологија
Неодамна една научна истражувачка мисија на Антарктикот во длабочините под прекривката од мраз пронајде животни форми кои, според нив, “не би требало да постојат во оваа средина“.
Објавено на 04.03.2021 - 12:15

Астрономија и астронаутика
Како што вчера јави порталот space.com, на небото над јужниот дел на Англија бил забележан поголем метеор кој се распаднал во атмосферата.
Објавено на 03.03.2021 - 17:15

Омнибус
На денешен ден пред 55 години BBC најавува дека ќе започне емитување на телевизија во боја и набргу ќе стане прва бродкастинг команија на тлото од Европа што ќе емитува слика во боја. Во денешниот времеплов одбележуваме и 80 години од раѓањето на Воислав Ристовски, еден од зачетниците на автомобилската индустрија во Македонија, а го одбележуваме и роденденот на Александар Грахам Бел, пронаоѓачот на телефонот. Одбележуваме и 16 години од рекордот на Стив Фосет за соло-лет околу земјината топка, а пред 46 години компјутерскиот клуб Homebrew го одржа првиот состанок...
Објавено на 03.03.2021 - 16:00

Геологија
И како да си немавме доволно секирации со разноразните болештии, со климатските промени, со можноста да нè мавне некој поголем астероид, па и со неизбежната судбина кога за околу 5 милијарди години Сонцето ќе ја спржи целата планета, еве уште една грижа за која треба да му ја мислиме... За околу една милијарда години кислородот во земјината атмосфера ќе биде толку редок што на Земјата секоја од покомплексните форми на живот нема да може да преживее. Од друга страна ова значи дека не треба да му ја мислиме за Сонцето што ќе нè проголта
Објавено на 03.03.2021 - 12:30

Историја и археологија
Блискиот предок на современиот човек, Неандерталецот, бил способен да разбира и да создава човечки говор – вака тврди новото истражување на еден меѓународен научен тим чиишто резултати беа објавени оваа недела во Nature Ecology and Evolution.
Објавено на 02.03.2021 - 17:30

Информатика
Кризата со глобалното здравје внесе многу промени во начинот на којшто работиме. Одеднаш, речиси истовремено, огромен број луѓе почнаа да работат од дома, меѓу нив и ИТ-тимовите кои обезбедуваат поддршка. Веќе станува јасно дека повеќето од организациите никогаш нема да се вратат на истиот начин на работа како претходно. Па како да им се овозможи на луѓето да работат безбедно од секоја локација, на секој уред, додека имаат пристап до сите компаниски ресурси?
Објавено на 02.03.2021 - 11:45

Омнибус
Во денешниот времеплов одбележуваме три јубилеја – 410 години од раѓањето на математичарот Џон Пел, 125 години од денот кога Анри Бекерел го претставил откритието на природната радиоактивност пред француската Академија на науките и 55 години од спуштањето на мисијата Венера 3 на површината на Венера. Покрај тоа пишуваме за првиот успешен падобрански скок од моторен авион и за првиот изработен компјутер на Стив Вознијак...
Објавено на 01.03.2021 - 17:30

Медицина
Како инспирација за новиот вид закрпи послужила старата јапонска вештина оригами – правење склуптури од хартија
Ви текнува на проектот за хирург-робот за којшто пишувавме пред десетина години? Роботот опишан во Итна помош 2.0, како и некои негови варијанти, веќе одамна се применува во сложените хируршки зафати во голем број земји во светот. Сега, тимот од МИТ разви дополнително ‘low-tech’ решение што ќе ја зголеми ефикасноста на овој робот – нов вид закрпа што овозможува и ефективно зашивање на внатрешните рани на пациентот.
Објавено на 01.03.2021 - 13:30

Медицина
Сите досегашни пресметки на потребниот степен на колективен имунитет од вакцинирање и прележување се темелеа на вредноста на базичниот репродукциски број на корона вирусот R0=2,6. Сите главно ја занемаруваа ефикасноста на вакцините, па се сметаше дека при стапка на колективен имунитет од 65 до 70% (од прележување и вакцинирање комбинирано), епидемијата би била сузбиена. Но, дали е навистина така?
Објавено на 01.03.2021 - 10:45

Pages