Астрономија и астронаутика
Оштетувањата на чинијата во автуст 2020 видливи од 'птичја' перспектива
Штом се спомнува Аресибо, веднаш сите помислуваат на огромната чинија, потрагата по вонземска цивилизација и... па добро, и Џемс Бонд Огромната чинија на радиотелескопот секако е еден од објектите што се здоби со култен статус и надвор од научните кругови.
Објавено на 16.03.2021 - 17:30

Омнибус
Во денешниот времеплов ги славиме родендените на Георг Ом, германскиот физичар кој математички ги опиша законите на струјното коло, Владимир Комаров, советскиот космонаут, пробен пилот и инженер, Ричард Столман, основачот на движењето за слободен софтвер, Хајнрих Кајзер, германски физичар, и на Александар Степанович Попов, рускиот физичар кој прв употребил антена за емитување и прием на радиобранови. Денес го одбележуваме и првото лансирање на ракета со течно гориво, како и интернетското поврзување на САД и Европа...
Објавено на 16.03.2021 - 15:00

Електроника
Новиот тип силициум-германиумски (SiGe) исправувачи од Некспериа се високоефикасни, термички стабилни и имаат помали димензии. Вака барем тврди производителот.
Објавено на 16.03.2021 - 13:00

Медицина
Деновиве сè повеќе ненадејните смртни случаи се доведуваат во некаква врска со примена вакцина. Сега ќе видиме една пресметка базирана на теоријата на веројатноста и ќе видиме дека при масовна вакцинација ќе има многу случаи на случајно умирање од најразлични причини три дена по вакцинацијата, без никаква причинско-последична врска со примената вакцина.
Објавено на 15.03.2021 - 22:15

Биологија
Примероци од растителните видови за кои се сметаше дека засекогаш исчезнале сепак опстојуваат во дивината, во семенските банки и во ботаничките градини, но биле забележани како други видови што сега се признаваат како таксономски синоними.
Објавено на 15.03.2021 - 12:00

Омнибус
Под мотото “Кого сакаш до Месечината и назад?” светски познатата компанијата за испорака на пратки на меѓународно ниво, ги поканува сите да учествуваат во нивната прва официјална испорака на пратка до Месечината.
Објавено на 12.03.2021 - 17:00

Омнибус
Во денешниот времеплов ги славиме родендените на брилијантниот Густав Кирхоф, кој ни овозможи основно разбирање за функционирањето на електричните кола и за спектроскопијата, и на јапонскиот физичар Лео Есаки, пронаоѓачот на, хм, есакиевата диода. Покрај ова се сеќаваме на делото на генијот Михајло Пупин и на шведскиот физиолог Рагнар Артур Гранит...
Објавено на 12.03.2021 - 16:15

Аудио и видеотехника
Оваа недела ја примивме веста дека почина Лодевијк Фредерик ‘Лу’ Отенс, холандскиот инженер којшто го револуционизираше начинот на којшто ја слушаме, но и создаваме музиката. Ова го направи подарувајќи ни ги првите вистински преносни носачи на звук – аудио касетата и компакт дискот. Иако денес овие две нешта можеби ја губат смислата на своето постоење, не така одамна тие беа многу повеќе од предмет – беа медиум за лична аудио креација и запис на емоции, можност да се направи ‘личен’ музички избор, но и едноставна можност да се сними сопствената музика како демо-верзија, или пак да се направи аудио-потсетник по бурната ноќ, како во случајот на Кит Ричардс, на пример. Аудио касетата и CD-то навлегоа толку бргу и толку длабоко во нашето секојдневието така што во 70-тите и 80-тите речиси и да немаше дом без касетофон, а во 90-тите мнозинстовото веќе поседувавме некаков CD-плеер.
Објавено на 12.03.2021 - 10:00

Физика
Се сеќавате ли кога последен пат сте пивнале шампањ? Можеби изминатава година и немавме многу прилики за славје, па напати сме заборавиле како изгледа ритуалот на уживање во овој пијалак. Но, да се потсетиме... Ако ја приближите чашата со шампањ до вашето уво ќе слушнете карактеристичното нежно „црцорење” на меурчињата. На што ли се должи овој звук?
Објавено на 11.03.2021 - 16:45

Омнибус
Во денешниот времеплов одбележуваме точно двесте и десет години од раѓањето на францускиот математичар Ирбен Леврие. Покрај ова ги славиме и родендените на Ваневар Буш, зачетникот на идејата за хипертекст, и на Даглас Адамс, автор на ултрапопуларниот Автостоперски водич низ галаксијата. А бележиме и едно мошне важно откритие. Имено, денешниот ден се смета за роденден на хартијата...
Објавено на 11.03.2021 - 13:00

Pages