Платежните картички веќе одамна си најдоа и го зацементираа своето место во секојдневието на најголемиот дел од луѓето во светски рамки, а и во Македонија како дел од светот. Употребата на картичките доживеа особен бум од почетокот на пандемијата поттикната со продолжениот престој дома и експлозијата на купувања и нарачки преку интернет. Тука ќе накусо ќе се запознаеме со платежните картички и како да се грижиме за нив.
Интернет плаќањето подразбира користење на различни канали на плаќање, но употребата на платежната картичка ни овозможува целосен комфор и го чини процесот едноставен и возможен за извршување по електронски пат. Од овие причини мошне битно е да го разбереме начинот на којшто функционира платежната картичка и нејзините карактеристики при плаќањето.
Што е дигитален паричник?
Денес сè почесто го слушаме поимот дигитален паричник. Се работи за паричник во дигитален облик и како таков тој ги има сите финансиски карактеристики како и оној, хардверскиот, сместен удобно на дното од вашата чанта. Секако, чантата не ја носите секогаш со себе, а и паричникот, но тоа не значи дека немате некој друг вид “алтернативен” носач во којшто ги сместувате вашите сметки и картички – мобилен телефон, нараквица, прстен, картичка... Во таа смисла, и самата платежна картичка може да ја сметаме како своевиден дигитален паричник.
Што е, всушност, платежната картичка?
Некоја општа дефиниција би гласела дека е платежната картичка претставува инструмент / средство за безготовинско плаќање. Живееме во време кога технологијата секојдневно напредува, а овие технолошки напредоци бргу стануваат дел од секојдневието – чип картичките се побезбедни од банкнотите во вашиот џеб, а ако и имате потреба од кеш, речиси на секој агол може да се најде банкомат достапен во било кое време од денот или неделата. Платежната картичка ви овозможува да ги исклучите она незгодно прашање “Имате нешто поситно?”, да плаќате на рати да го прескокнете шалтерот и да ги платите вашите сметки на терминал предвиден за таа намена, но пред сè картичката ви овозможува целиот процес да биде брз и ефикасен, а ова е особено погодно за интернет купувањата кои сега се достапни од секаде и во секое време.
Видови платежни картички
Најнапред да ги објасниме видовите картички. Платежнмите картички кои директно ја задолжуваат сметката за која се врзани и функционираат во рамки на средствата со кои располага таа сметка се нарекуваат дебитни. Од друга страна картичките кои финкционираат врз основа на однапред одобрен достапен кредитен лимит се нарекуваат кредитни картички. Тие во основа ги наплаќаат средствата, кои може да ги трошите по ваш избор, од кредитот којшто банката ви го одобрила/позајмила за користење за одредена надокнада во форма на камата.
Што се однесува до безбедноста при користењето на картичките, доколку се држите до безбеднбосните упатства за нивно користење кои вообичано ги дава секоја банка, а кои ќе ги повториме и дополниме тука, тогаш сметам дека ќе немате речиси никакви проблеми.
Неколку факти и совети
Некои од советите / фактите што ќе ги добиете при преземање на платежните картички од банката се:
• Банката е сопственик на картичката, вие сте корисник;
• Чувајте ја на сигурно место картичката што сте ја презеле;
• Никој не смее да ја користи вашата платежна картичка, ниту да ја давате некому;
• Ако сакате некому да овозможите пристап/користење на средствата од вашата жиро-сметка тогаш побезбедно е да за таа личност извадите дополнителна картичка со овластување. Оваа услуга треба да ја побарате од банката којашто ви ја издала вашата картичка
• Кога плаќате на продажно место, не ја испуштајте вашата картичка од вид. Ако е тоа возможно платете безконтактно, без внесување на PIN бројот за одобрување;
• Секогаш памтете го PIN бројот, или ако не сте во можност запишете го на безбедно место во вид на шифра и овој запис чувајте го одделно од картичката;
• Ако се сомневате дека вашата картичка е украдена или забележите неовластено плаќање, пријавете го тоа во банката;
• Никогаш не одговарајте на мејлови и не пристапувајте на линкови што ви бараат податоци од вашата платежна картичка, дури и ако овие пораки личат како да се испратени од вашата банка;
• Банката никогаш нема да ви побара да ги доставите податоците од вашата платежна картичкач
• Користите вашата картичка како гаранција за некое идно плаќање или за купување по пат на интернет само кај проверени трговци;
• И, конечно, она што е најважно кај интернет-пазарењето, користете ја платежната картичка само на доверливи интернет продажни места (сајтови). Користете сајтови со 3d secure технологија, која искуството го чини сосема е безбедно и без финансиски последици за вас како купувач.