Кога зборуваме за нашите сетила честопати се концентрираме на оние кои ни го откриваат надворешниот свет во сета негова чудесија – пукотот на грмотевицата, мирисот на шарените цвеќиња... Но, нашите тела имаат и цела мрежа внатрешни сетила кои го информираат мозокот дали, на пример, срцето чука во правилен ритам или дали крвниот притисок е помал или поголем од нормалниот.
Овие сигнали постојано патуваат низ телото носени од хормоните и нервите, вклучително и од мистериозната мрежа со над 100 000 сензорни влакна наречена вагусен нерв или нерв скитник.
Неколку нови техники им помагаат на научниците да ги мапираат тенките, извиткани гранки на вагусниот нерв којшто е поврзан со срцето, цревата, како и другите внатрешни органи, при што се откриваат некои изненадувачки откритија во врска со нивната улога во меморијата и во емоциите. Овие откритија поттикнаа истражувања за лекување на сè и сешто, од Алцхајмерова болест до стресни пострауматски нарушувања и придонесоа за одобрување на медицински имппланти за третирање на епилепсијата и депресијата.
Се чини дека за да ја разбереме врската меѓу мозокот и свеста, треба да наслушнуваме и што сака да ни каже нашиот стомак.