Во следните редови обележуваме 165 години од раѓањето на рускиот математичар Андреј Андреевич Марков, познат по неговата работа во доменот на веројатноста, 153 години од раѓањето на Карл Ландштајнер, човекот којшто ги откри крвните групи кај луѓето, и 78 години од претставувањето на првиот концепт за јавен воздушен превоз со хеликоптер...
14.6.1856 – Роден е Андреј Андреевич Марков
Андреј Андреевич Марков е руски математичар познат по неговата работа на полето на веројатноста. Ја развил теоријата на стохастичките процеси, денес познати како Маркови процеси, а особено Марковите низи – секвенции на случајни променливи во коишто идната променлива се одредува од моменталната променлива, но таа е истовремено независна во начинот на којшто моменталната состојба произлегла од нејзините претходници. На пример, веројатноста за играчот да победи во играта Монополи може да се одреди преку Марковите вериги.
Неговата работа која се темели врз проучувањето на веројатноста на взаемно зависните настани била развиена и нашла широка применета во доменот на биологијата и општествените науки. (Н. С.)
14.6.1868 – Роден е Карл Ландштајнер
Карл Ландштајнер (Karl Landsteiner) е австриски биолог, лекар и имунолог. Дали ја знаете вашата крвна група? Ознаката со буква што се користи за крвните групи е развиена од Карл Ландштајнер. Тој е првиот што направил типизација на крвните групи преку идентификација на антигените на површината на крвните клетки. Притоа тој нашол четири различни класификации или типови: А, Б, АБ и О.
Крвта од тип А има анти-Б антитела и антигени од типот А.
Крвта од тип Б има анти-антитела и антигени од типот Б.
Крвта од тип АБ нема антитела и антигени од типот А и Б.
Крвта од тип О има анти-А и анти-Б антитела и нема антигени.
Ландштајнер понатаму ќе го рафинира својот систем во соработка со Александар С. Винер, воведувајќи резус или Rh фактор. Rh е дополнителен симбол со којшто се означува присуството на Rh антигени во крвта. Позитивната ознака значи дека Rh антигените се присутни во крвта, додека негативната значи дека тие недостасуваат.
Типизирањето на крвта коешто го направи Ландштајнер ги зголеми шансите за успешна трансфузија на крв и за трансплантација на органи. Лекарите сега можат да идентификуваат дали некое лице може да донира или да прима крв врз основа на неговата крвна група и Rh факторот. За оваа работа во 1930 година Ландштајнер ќе биде награден со Нобеловата награда за медицина.
Но ова не е единственото достигнување на Ландштајнер. Тој прв, заедно со со Ирвин Попер, го идентификувал вирусот на детска парализа (polio). Откритието ќе биде од огромна корист во борбата за сузбивање на оваа ужасна болест. (Н. С.)
14.6.1943 – Предложена е изработка на хеликоптер-автобус како превозно средство
“Хеликобусот” бил предложен од корпорацијата Грејхаунд како решение за јавен превоз од голем обем, а со концептот било поднесено и барање до Американскиот борд за цивилна воздушна пловидба (Civil Aeronautics Board – CAB). Индустрискиот дизајнер Рејмонд Леви и пронаоѓачот Игор Сикорски предложиле концепт “хеликобус” со 14 седишта. На сослушувањето во врска со барањето бил претставен и модел, но за жал ниту еден примерок на хелокобус не бил изработен.
Моделот S-51 од Сикорски со којшто Грејхаунд почнале превоз на патници
Концепт-предлогот за воздушен јавен превоз бил претставен и на страниците на Њујорк Тајмс, на 9 септември 1945 година. Грејхаунд Скајвејз започнал со услуги за воздушен градски превоз со користење на моделот S-51 од Сикорски кој имал 4 седишта, но по само неколку години биле принудени да прекинат со летање поради економска неисплатливост. (Н. С.)