Биологија
Бројот на жители на планетата Земја во Ноември 2022 година надмина 8 милијарди. Бројка што е неверојатна експоненцијална кулминација од последниве 150 години или од кога е започната индустриската револуција која носи прогрес во човештвото, па соодветно на тоа и бројот на луѓе што живеат на планетава почнува непропорционално да се зголемува.
Објавено на 06.04.2023 - 14:15

Информатика
Во FT 1000-рангот на најбрзорастечките европски компании, 95 се бизниси за е-трговија. Огромното мнозинство од овие компании се од Германија, како што се WLDOHO и KoRo. Италија (24) и Франција (12) се, исто така, добро застапени.
Објавено на 05.04.2023 - 13:30

Информатика
Google со месеци се обидуваше да го достигне OpenAI, откако ChatGPT ја зафати генеративната индустрија за вештачка интелигенција. Првиот обид на Google да одговори со објавување на својата Bard AI беше во најдобар случај млак, па компанијата најави нова вештачка интелигенција.
Објавено на 05.04.2023 - 11:45

Астрономија и астронаутика
НАСА ги претстави четворицата астронаути кои ќе бидат првите луѓе што ќе летаат околу Месечината по повеќе од 50 години. Екипажот ќе биде дел од мисијата Артемида 2, клучен вселенски лет пред луѓето да се вратат на површината на Месечината.
Објавено на 04.04.2023 - 13:15

Омнибус
На 30 март стартуваше со работа лабораторијата за производство „ФЕИТ ФабЛаб“ при Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ). Новиот простор треба да им овозможи на студентите работа на реални проекти, ползувајќи ги можностите на дигитализацијата во производните процеси, a отворен e и за приватниот сектор, како и за младите креативци и иноватори кои тука ќе имаат можност да ги реализираат своите идеи.
Објавено на 04.04.2023 - 12:30

Биологија
Оние кои одамна нѐ следат веројатно ќе се сетат на фељтонот ‘Мистерии на науката’, во којшто Стојмир Симјаноски и Владимир Филевски дебатираа за некои од недоволно истражените подрачја од науката и за теми за кои има различни ставови и толкувања кои ја скокоткаат фантазијата на сите љубители на науката. Во една од овие дебати тие разговараа и на тема 'Имаат ли билките душа?'. Се чини дека барем на дел од некои од тезите и тврдењата за коишто тие тогаш дебатираа стигнуваат можни одговори од навидум солидни научни истражувања.
Објавено на 03.04.2023 - 13:00

Омнибус
Жителите на Париз на необврзувачки референдум гласаа за забрана на електричните тротинети на улиците на француската престолнина, а градските власти најавија дека ќе ги прифатат резултатите од изјаснувањето на граѓаните.
Објавено на 03.04.2023 - 11:45

Омнибус
Познатата писателка, научник и универзитетски професор Билјана Перчинкова деновиве пријатно не изненади со своја сублимирана претстава за современите (и не само современите) состојби во светот на физиката. Тежиштето на најновото видео на YouTube каналот на Перчинкова е проблематиката на квантната физика, нешто што самото по себе фасцинира особено кај оние коишто малку се навлезени во овие интересни орбити.
Објавено на 31.03.2023 - 16:15

Електроника
Гордон Мур е секако најпознат по Муровиот закон со кој се забележува дека бројот на транзистори во интегрирано коло се удвојува на секои две години. Ова повлекува дека транзисторите, основните клетки на микропроцесорите и дигиталното доба, ќе чинат сè помалку, а нивните перформанси експоненцијално ќе се зголемуваат. Во далечната 1965 година, кога тој ги поставил основите на она што денес го знаеме како Муров закон, тој не можел ниту да претпостави како оваа идеја ќе го промени светот.
Објавено на 31.03.2023 - 13:45

Информатика
Думскролингот (doomscrolling) претставува дејството на компулсивно “скролање” низ страниците на веб-порталите, по тајмлајнот на некоја од социјалните мрежи или што и да е слично, а сè во потрага по лоши вести. Активноста е толку распространета што во 2020 година се избори и за свое место во Оксфордскиот речник на англиски зборови. Навиката да се биде во тек со несреќните случувања во околината и светот преку скролање низ екранот од мобилниот телефон особено беше нагласена со пандемиските услови, карантините поради ковид и неможноста да се напушти куќата. Но сега, оваа навика (или опсесија) се префрла на потрагата по која и да е несреќна ситуација од војната во Украина, протестите во Франција, банкарската криза, инфлацијата, и... па што и да не веќе. Иако ваквото скролање е штетно по нашето ментално здравје, сепак, поради некоја причина, се чини дека никако не можеме да се куртулиме од оваа нездрава активност.
Објавено на 30.03.2023 - 12:15

Pages