Телекомуникации
Протокот на податоци со користење на терахерцниот (THz) спектрален регион би можел да ја задоволи постојано растечката побарувачка за досега невидена брзина за пренос на податоци, т.е. терабит во секунда (Tb/s), којашто би овозможила повеќе дистапни опсези. Сепак, исклучително е тешко да се развијат физички компоненти што ќе можат да ги надминат најелементарните процесорски функционалности за конструирање на идните комуникациски системи за овој спектрален регион фреквенциите.
Објавено на 16.02.2022 - 14:45

Астрономија и астронаутика
Астрономите открија неверојатен нов тип ѕвезди покриени со остатоци од согорен хелиум. Претставувајќи ги своите наоди во Monthly Notices of the Royal Astronomical Society, германските астрономи кои први ги забележаа овие чудни нови небесни тела, велат дека површините од овие ѕвезди не наликуваат на ниту една друга досега забележана површина.
Објавено на 16.02.2022 - 13:15

Медицина
На еден или друг начин сигурно досега повеќепати сте биле изложени на ковид – вашиот најдобар пријател бил позитивен, вашата колешка исто така, а можеби и некој од вашето семејство. А сепак, се чини дека громот односно ковидот, удира секаде наоколу сем директно во центар, во вас, и секојпат кога по ваква случка се тестирате, тестот е негативен. Дали ова значи дека повеќекратната изложеност на ковид го зајакнува вашиот имунолошки систем? Научниците, барем засега, не се согласуваат...
Објавено на 15.02.2022 - 17:45

Психологија
Не е само пандемијата таа што го зголемува чувството на осаменост: науката објаснува зошто стекнувањето нови пријатели, кога не сте млади е покомплицирано.
Објавено на 15.02.2022 - 13:00

Историја и археологија
Кремирани остатоци во урна од раниот среден век пронајдена во Хаг
Неверојатно количество археолошки извештаи се чуваат во дигитални архиви. Но, ако сакате да пребарате информации во нив, тоа мора да го направите рачно, што претставува вистински предизвик. За да ја олесни оваа мачна работа, археологот докторандот Алекс Брандсен користел "длабоко учење" (deep learning ), форма на вештачка интелигенција, за да развие пребарувач што ќе може многу прецизно да пребарува низ сите овие податоци. Токму ова е темата на неговата докторска дисертација чијашто одбрана е закажана за 15 февруари на Универзитетот во Лајден, Холандија.
Објавено на 14.02.2022 - 14:30

Метеорологија
Четворица англиски истражувачи, тројца од Универзитетот во Ридинг и еден од Универзитетот во Оксфорд, објавија докази дека испраќањето на електричен полнеж во недождовен облак може да резултира со формирање на капки дожд. Во нивниот труд објавен неодамна во во Proceedings of the Royal Society, тие ги опишуваат нивните пресметки кои покажуваат дека промената на електростатскиот полнеж во облаците заситени со влага може да доведе до поголема варијација на електричниот полнеж, што резултира со формирање на капки дожд.
Објавено на 14.02.2022 - 12:00

Информатика
Хакери создале импресивна лажна веб-страница на Мајкрософт со цел да добијат пристап и да украдат лични информации и криптовалути од жртвите. Кога станува збор за безбедноста на вашиот персонален компјутер, треба постојано да сте на штрек. Ако ви треба повторување на оваа лекција од областа на кибер-безбедноста, одделот за истражување на закани на HP е подготвен да ви го овозможи тоа уште денес. Истражувачите од овој оддел забележале неверојатно убедлива лажна веб-страница, која наводно нуди надградби за Windows 11 директно од Microsoft. Наместо тоа, таа испорачува малициозен софтвер.
Објавено на 11.02.2022 - 16:45

Астрономија и астронаутика
Уметничка визија на планетата Проксима d во орбита околу нејзината матична ѕвезда.
Група астрономи кои го користеа VLT телескопот на Европската јужна опсерваторија (ЕСО) во Чиле, открија докази за постоење на уште една планета што орбитира околу Проксима Кентаур, најблиската ѕвезда до нас, оддалечаена само 4 светлосни години. Планетата кандидат е трета по ред којашто е откриена во овој систем и е досега најмала од планетите откриени во орбита околу оваа ѕвезда. Планетата којашто има само една четвртина од масата на Земјата е истовремено и најлесна од сите досега пронајдени егзопланети.
Објавено на 11.02.2022 - 12:00

Медицина
Оваа вест неделава го обиколи светот веднаш откако студијата што го опишува опоравокот на тројцата мажи беше објавена во научното списание Nature Medicine. Истражувањето беше предводено од тим од Швајцарскиот федерален институт за технологија (EPFL) и Универзитетската болница Вауд во Лозана, кои го примениле нивниот систем за “репарација” врз тројца пациенти со целосни повреди на 'рбетниот столб. Од што точно се состои овој систем? Клучни се електродите имплантирани директно во 'рбетниот мозок кои ја симулираат работата што ја врши мозокот кога им дава инструкции на екстремитетите да се движат.
Објавено на 10.02.2022 - 14:45

Информатика
NAKIVO ja објави верзијата NAKIVO Backup & Replication 10.5 со нова контролна табла за следење на VMware и засилен виртуелен апарат
Објавено на 09.02.2022 - 13:15

Pages