Омнибус
И повторно е тоа време од годината. Традиционално, некоја недела пред објавата од Шведската академија на науките и објавата на Нобеловите награди за оваа година, вечерта на 12 септември, во престижниот амбиент на Технолошкиот институт во Масачусетс (МИТ), беа прогласени добитниците на IgNobel наградите за 2024 – наградите за истражувања чијашто тема најнапред ќе ве натера од срце да се насмеете а потоа и ќе ве замисли.
Објавено на 19.09.2024 - 16:45

Информатика
Денес, Здружението на информатичари на Македонија (ЗИМ), како Организатор на Балканската Олимпијада по Информатика ги презентираше клучните детали од претстојното 31. издание на овој настан. Балканската Олимпијада по Информатика е натпревар во програмирање за средношколци од регионот на југоисточна Европа. Овогодинешното, 31. издание на Балканската олимпијада по информатика, ќе се одржи во Охрид, Македонија, во период од 20 септември до 26 септември 2024 година. Оваа година, на БОИ 2024 ќе учествуваат учесници од 15 земји - Македонија, Србија, Албанија, Грција, Бугарија, Словенија, Молдавија, Романија, Босна и Херцеговина, Кипар, Турција, Црна Гора, Италија, Украина и Саудиска Арабија.
Објавено на 19.09.2024 - 13:00

Енергетика
Секој ден со нов пробив на полето на батериите. Јапонските истражувачи од Националниот универзитет од Јокохама откриле ветувачка технологија за батерии со литиум манган оксид. Нивниот пристап користи манган во електродата за да создаде батерија со висока енергетска густина која е истовремено исплатлива и одржлива. Батеријата достигнува неверојатни 820 ват-часови по килограм густина на енергија без намалување на напонот, надминувајќи ги конвенционалните литиумски батерии кои обично се половина од густината.
Објавено на 18.09.2024 - 16:00

Омнибус
Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје (ФВМС) постојано ги следи најновите трендови за дијагностика и третман на животните, па во таа насока по повод Деновите на ветеринарна медицина 2024, ги поканува докторите по ветеринарна медицина да се пријават и да земат директно учество на интерактивната и на практичната работилница за „Ултразвучна дијагностика на абдомен и ехокардиографија во мала пракса“ предводена од еминентниот хрватски специјалист Брајко, што ќе се одржи во Охрид на 22 септември, недела.
Објавено на 18.09.2024 - 14:30

Медицина
Бананите, јогуртот, пченицата и овесот можеби се поврзани со поголем ризик од развој на дијабетес тип 1 кај децата кои се генетски предиспонирани за развој на болеста. Врската сè уште не е потврдена, па почекајте, прочитајте и размислете пред да ги исфрлите овие намирници од исхраната.
Објавено на 16.09.2024 - 13:00

Информатика
Градот Амстердам им забрани на своите вработени да ја користат апликацијата Телеграм (Telegram) на нивните службени телефони поради потенцијална криминална активност на апликацијата и ризик од шпионажа, изјавил портпаролот на општината за БНР.
Објавено на 13.09.2024 - 11:45

Информатика
Голем број истакнати новинарски куќи и социјални мрежи како што се Њујорк Тајмс, Вајрд и Инстаграм одбија Apple да спроведува обука на сопствените модели со вештачка интелигенција со нивните податоци. Ова се случува три месеца откако Apple ја претстави алатката наменета за издавачи којашто овозможува тие да се откажат од обуката на вештачката интелигенција.
Објавено на 13.09.2024 - 11:30

Телекомуникации
Во четвртокот вечерта, во Музејот на современа уметност во Скопје, НЕОТЕЛ ја прослави својата 20-годишнина заедно со своите клиенти, соработници и вработени кои придонесоа за успехот на компанијата. Настанот беше одбележан со одличен настап на бендот „Фолтин“ како и пригоден говор од директорот Даме Цветковски, кој ги потенцираше клучните моменти од историјата на компанијата.
Објавено на 13.09.2024 - 10:15

Геологија
Поглед кон Преспанско Езеро од месноста наречена Вртешка
Претходно видовме дека доколку се затворат подводните понори во заливите кај Мала Горица и Пустец во Албанија и доколку не се случат драстични климатски промени, би било можно да се сопре намалувањето на нивото на Преспанско Езеро.
Објавено на 13.09.2024 - 09:15

Климатологија
Драматични температурни промени и промени во врнежите доаѓаат за 70% од светската популација во следните 20 години. Промените се должат на високите емисии на стакленички гасови. Вака вели истражувањето чиишто резултати се објавени во Nature Geoscience. Истражувањето вели и дека драматичното намалување на емисиите би ја намалило оваа бројка на 20%.
Објавено на 10.09.2024 - 15:00

Pages