По многубројните стории објавувани на глобалните социјалните мрежи за пренамена на стари лекови за успешно лекување на рак во последните година-две, за што пишувавме во Емитер во март и мај годинава, конечно пред неколку дена е објавен труд што опишува три случаи кои се лекувале успешно со антипаразитскиот лек фенбендазол. Се работи за тројца пациенти со напреднат рак (стадиум 4) – вклучувајќи рак на дојка, простата и меланом, од кои двајца постигнале целосна, а еден речиси целосна ремисија. Сите тројца го толерирале фенбендазол без никакви пријавени несакани ефекти, а ремисијата била одржана во текот на периодите на следење кои се движеле од 11 месеци до речиси 3 години.
За ивермектин, "лекот за коњски глисти" (анг. Horse dewormer), знаеме од ковид пандемијата. Така беше нарекуван на американската телевизија CNN и други мејнстрим медиуми уште во август 2021 откако американската Агенција за храна и лекови (FDA) во официјална твит објава напиша: “Ти не си коњ. Ти не си крава. Сериозно, сите вие. Запрете со тоа.” Три години подоцна, FDA се спогоди со докторите кои ја тужеа за мешање во нивната лекарска практика и беше принудена да го избрише нејзиниот најпопуларен твит. Се разбира, ивермектин има и хумана и ветеринарна верзија, но намерата на FDA и мејнстрим медиумите беше во екот на вакцинацијата против ковид да создадат погрешна, искривена слика за ивермектин како наводно небезбеден и неефективен медикамент што се користи исклучиво кај животни.
Но, дали и колку знаеме за фенбендазол, "лекот за кучешки глисти" (анг. Dog dewormer)? За разлика од ивермектин, фенбендазол навистина е само ветеринарен лек за паразити. Сепак, неправедно е да се етикетира како лек за кучешки глисти, бидејќи успешно елиминира и говедски, мачкини и коњски паразити.
Меѓутоа, освен за паразити, и двата лека покажале ефективност и за други болести. На пример – рак. За механизмите на дејство против разни видови карцином, прочитајте во овој научен труд.
Емитер објави две статии, првата во март и втората во мај оваа година, коишто опфаќаат кратки описи на вкупно 26 случаи на луѓе болни од карцином, голем број од нив во стадиум 4, кои успеале да достигнат состојба што се опишува со терминот “нема докази за болест” (анг. No Evidence of Disease, NED) по неколкумесечен третман со протоколи базирани на ивермектин, фенбендазол и/или мебендазол (хуманата варијанта на фенбендазол) предложени од канадскиот доктор Вилијам Макис. Случаите се преземени од објавите на Макис на неговиот профил на X платформата.
Неодамна е објавен труд со три случаи кои се лекувале успешно со фенбендазол. Прв автор е Вилијам Макис. Во него се обработени три случаи на пациенти со напреднат рак (стадиум 4) - вклучувајќи рак на дојка, простата и меланом. Двајца пациенти постигнале целосна ремисија, а еден постигнал речиси целосна ремисија по вклучувањето на фенбендазол во нивните режими на лекување заедно со други терапии (но, без хемотерапија и без ивермектин!). Сите тројца пациенти го толерирале фенбендазол без никакви пријавени несакани ефекти, а ремисијата била одржана во текот на периодите на следење кои се движеле од 11 месеци до речиси 3 години.
Во заклучокот на трудот, авторите нагласуваат дека ветувачките резултати забележани во овие случаи и генерално поволниот безбедносен профил на фенбендазол треба да поттикнат идни студии за да се процени неговата ефикасност во поголеми групи и да се истражи неговиот потенцијал за пренамена во третманот на разни малигнитети.