Психологија
Најлошиот момент/час/време (кажете како сакате) во текот на денот е ист за сите и има прецизен тајминг: пет наутро. Тим американски научници успеал точно да го пресмета. Еве како...
Објавено на 27.09.2024 - 17:15

Информатика
Научниците изработија запис од генетскиот план на човештвото во речиси неуништлив 5D мемориски кристал – нов формат за складирање податоци што може да ги сочува вредните информации безбедни во текот на милијарди години, потенцијално дури и до крајот на универзумот. Истражувачите веруваат дека временската ДНК капсула би можела да биде искористена за оживување на нашиот вид долго откако тој ќе изумре. Но, сите не се согласуваат со тоа.
Објавено на 27.09.2024 - 14:00

Астрономија и астронаутика
Кометата C/2023 A3 (Tsuchinshan-ATLAS)  снимена на 10 јуни 2024 година
Рака на срце, кога станува збор за кометите, никогаш не можеме да бидеме 100% сигурни дека ќе бидат видливи со голо око. Сепак, астрономите полагаат големи надежи за кометата C/2023 A3 (Tsuchinshan-ATLAS) која би требало да биде видлива непосредно пред зори, во текот на четири последователни утра во следните неколку дена. Кон средината на октомври може да уследат и дополнителни прозорци на видливост со голо око на ноќното небо
Објавено на 26.09.2024 - 14:15

Метеорологија
Како што јавува британски Метро, денес кај 18 часот ќе нè погоди уште еден изблик на сончева маса што може да поттикне геомагнетна бура.
Објавено на 25.09.2024 - 17:15

Екологија
Јадранското Море е дом на илјадници различни морски видови, вклучително и многу кои ги нема никаде на друго место. Новите палеонтолошки истражувања покажуваат дека до средината на 20 век, Јадранското Море имало жив и здрав екосистем пред работите ненадејно да се променат...
Објавено на 25.09.2024 - 14:15

Омнибус
Деканот на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје, проф. д-р Деан Јанкулоски 
' Преку надминување на предизвиците и постојаното стремење кон иновации и подобрувања, Деновите на ветеринарната медицина низ годините прераснаа во значаен форум за размена на знаење и искуства како единствена платформа за презентирање на најновите научни откритија, иновации и идеи кои се од суштинско значење за напредокот на ветеринарната професија' , рече Деканот на Факултетот за ветеринарна медицина - Скопје проф. д-р Деан Јанкулоски на вчерашното отворање на јубилејните 10-ти Денови на ветеринарна медицина 2024 и 2-рата конференција на ветеринарна и медицинска едукација, кои се одржуваат во Охрид.
Објавено на 24.09.2024 - 16:30

Астрономија и астронаутика
Еден астероид полека се приближува кон Земјата. Но, место за паника нема – астероидот нема да удри во нас. Наместо тоа, Земјата ќе добие привремен минијатурен придружник, кој по 2 месеци ќе продолжи понатаму на својот пат низ вселената.
Објавено на 23.09.2024 - 15:30

Астрономија и астронаутика
Астрономите откриле нешто прилично извонредно од длабочините на вселената – тие детектираа моќна серија радиобранови. Она поради што оваа емисија “отскокнува” од вообичаеното е тоа што овие радиобранови патуваат низ вселената цели 8 милијарди години! Оттаму експертите сметаат дека оваа емисија би можела да помогне за подобро да ја разбереме една од најголемите мистерии на универзумот...
Објавено на 23.09.2024 - 13:45

Хемија
Во тековната битка против контаминацијата на водата, истражувачите постигнаа значителен напредок во елиминирањето на т.н. вечни хемикалии од водата. Овие хемикалии, познати како PFAS (пер- и полифлуороалкилни супстанции), се општо познати по нивната отпорност на топлина, флекање и вода, карактеристики што ги прават мошне полезни за различни примени, но кои се штетни и за животната средина и по здравјето на луѓето.
Објавено на 20.09.2024 - 16:00

Телекомуникации
Поглед на фидот пред параболичниот рефлектор. Месинганата плоча е рефлекторот од планарната антена за 2,4 GHz, што се наоѓа во фокусот на параболичниот рефлектор.
Завршена и тестирана е новата комбинирана примопредавателна антена за 2,4 GHz / 10 GHz за работа преку сателитот Es'Hail QO-100, што се наоѓа во геостационарна орбита, на 35.786 km над екваторот. За работа преку овој сателит прв пат беше објавено во „Емитер“ во написот "Прва македонска радиоаматерска станица опремена за работа преку сателит", а таму може да се види и старата антена.
Објавено на 20.09.2024 - 10:00

Pages